ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

Негативната селекција и непрофесионализмот како на Клиниката за токсикологија, така и на ниво на целокупното јавно здравство во Македонија продолжуваат на штета на пациентите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Здравствените власти селектирано постапуваат по извештаи од надлежни институции,па така наместо да се разреши организациската директорка на Клиника за токсикологија за чија работа има низа забелешки, Демири го разрешува медицинскиот директор без конкретни …

Continue Reading

Маричиќ од Котор: Нема време за губење во спроведување на обврските на секоја од земјите опфатени со Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и финансии на Западен Балкан посветен на Планот за Раст. Регионалниот состанок му претходи на Лидерскиот самит на западен Балкан кој ќе се одржи утре, 16 мај 2024. Средбата ја отвори домаќинката на регионалниот состанок, министерката за европски прашања на Црна …

Continue Reading

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Лидерот на десничарско-националистичка партија „Грчко решение“, Кирјакос Велопулос од говорницата во грчкиот парламент искина лист со Договорот од Преспа. „Ова е договорот од Преспа, ако имаше пристојна национална патриотска општествена влада, ова ќе го направеше овде“, нагласи Киријакос Велопулос, пренесува „Репортер.гр“. Тој натаму рече и дека не постои ни северна ни јужна Македонија, Македонија е една, а тоа е Грција. …

Continue Reading

Велковски: Во Македонија сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска на Меѓународниот ден на семејството порача дека семејството е темелот на денешницата, децата се создаваат од семејната средина, а токму од таму се гради идниот свет. На секое дете мора да му се гарантира заштита и да му обезбедиме достоинствен раст и развој. ,,Голем број на деца во нашата држава живеат …

Continue Reading

Османи очекува Управниот суд да ја преиначи одлуката за прегласувањето, најави и пријави за членовите на ДИК

Домашната и меѓународната јавност беа сведоци на еклатантното кршење на процедурите во Државната изборна комисија и партиската и институционална кражба на изборната волја преку незаконската одлука за прегласување во точно избрани гласачки места, во родните места на носителите на опозцијата. Ова го истакна портпаролот на ДУИ, од коалицијата Европски фронт, Бујар Османи. Како што обвинува Османи, ова било направено со …

Continue Reading

Османи на средбите со амбасадорите: „Одлуките на ДИК за прегласување се обид да се украде изборната волја“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во текот на вчерашниот ден оствари средби со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија. Тој преку социјалните мрежи објави дека им се пожалил на амбасадорите за компромитирање на изборниот процес во земјава. „Ја изразив мојата загриженост во врска со компромитирањето на изборниот процес со произволни одлуки на ДИК со цел да се …

Continue Reading

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласови, ќе поднесат кривична за Даштевски и тужба во Управен суд

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денес обвини за изборен инженеринг и кражба на гласови на парламентарните избори. Од изборните единици 1, 2 и 3 им биле украдени повеќе од 600 гласови, кои, како што обвинија лидерите на партиите во коалицијата, им биле префрлени на коалициите „Вреди“ и „Европски фронт“. Коалицијата „Храбро за Македонија“ најави кривична пријава против претседателот на Државната изборна …

Continue Reading

Средба на претседателката Силјановска Давкова со евроамбасадорот Гир: Нашата иднина несомнено е во Европската Унија

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска го прими шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир. На средбата претседателката Силјановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од челниците на Европската Унија по повод нејзиното стапување на функцијата и изрази подготвеност за целосна соработка со делегацијата на Европската Унија во Скопје во однос на пристапниот процес на државата, истакнувајќи ја значајноста …

Continue Reading

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име, не очекува тежок период

Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име во првите денови. Ги имаат бројките со другите партии, вели министерот за правда, Кренар Лога. „Штом ВМРО-ДПМНЕ формира 2/3 мнозинство во Собранието, со помош на пратениците на ВЛЕН, ЗНАМ и Левица, нека повелат во Собранието и со уставни измени нека го вратат старото име на државата. Не очекува тежок период. Се …

Continue Reading