Османи на средбите со амбасадорите: „Одлуките на ДИК за прегласување се обид да се украде изборната волја“

440940373_1019552079526113_3402225596266759561_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во текот на вчерашниот ден оствари средби со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија. Тој преку социјалните мрежи објави дека им се пожалил на амбасадорите за компромитирање на изборниот процес во земјава.

„Ја изразив мојата загриженост во врска со компромитирањето на изборниот процес со произволни одлуки на ДИК со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување“, пишува Османи.

Како што додава, ја изразил и неопходноста од почитување на договорот на Охрид, Преспа и европската иднина на државата.

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ најави дека ќе ги обжали донесените одлуки на Државната изборна комисија за приговорите во врска со изборните резултати од парламентарните избори што се однесуваат на петтата и шестата изборна единица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK