Сиљановска Давкова со францускиот амбасадор Бомгартнер: изразена надеж дека историските прашања, стари и по сто години, нема да го преземат приматот на реформите
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Француската Република, Сирил Бомгартнер. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што се карактеризираат со традиционално пријателство, отворен и конструктивен дијалог и континуирано унапредување на соработката во мноштво сфери од заемен интерес. На средбата се разговараше за македонските аспирации за членство во Европската Унија, како стратешки …
Continue Reading
(Видео) Спасовски: СДСМ ќе ги почека законските предлози за реорганизација на министерства, ќе ги разгледа, па ќе донесе одлука дали ќе ги поддржи
Коориднаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во одговор на новинарски прашања во македонското Собрание информираше за заклучоците од координацијата на пратеничката група и кај претседателот на Собранието, на којашто главно, се дискутираше за конституирањето на комисиите, работните тела во законодавниот дом, делгациите и групите за соработка. Во однос на Законите кои што се најавуваат за реорганизација на …
Continue Reading
Гаши на редовна координација во новиот собраниски состав: во фокусот конституирањето на комисиите и неформалните работни тела
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ја одржа првата редовна координација во новиот собраниски состав, на која, главно, се дискутираше за конституирањето на комисиите, како и на неформалните работни тела во законодавниот дом. На координацијата, покрај претседателот Гаши и генералната секретарка Цветанка Иванова, присуствуваа претставници на сите партии, односно коалиции кои освоија пратенички мандати на неодамнешните парламентарни избори: Никола Мицевски …
Continue Reading
Филипче се кандидира за претседател на СДСМ: „Мојата цел е да ја обновиме и повторно да ја подигнеме партијата“
Ексминистерот за здравство, Венко Филипче, објави дека одлучил да се кандидира за претседател на СДСМ, на претстојните внатрепартиски избори. Тој оцени дека СДСМ е соочена со голем предизвик и ги поминува веројатно најтешките моменти од нејзиното основање. Ова е време, вели Филипче, кога многумина се прашуваат дали СДСМ ќе опстане и каква е иднината на партијата. „Јас силно верувам дека …
Continue Reading
Средба на пратеници од Левица со Амбасадорката на Швајцарија
Денеска, на 3 јуни, во „Струшката соба“ од Собранието на Република Македонија, пратениците од Левица, Реџеп Исмаил и Амар Мециновиќ, остварија средба со Н.Е. Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Вероник Улман. „На средбата се дискутираше улогата на Левица во склоп на новиот собраниски мандат како најистакната опозиција на најавеното владејачко мнозинство, но беа потенцирани и недостатоците во новиот собраниски Деловник кој …
Continue Reading
Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер. Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша. „Во овој период, …
Continue Reading
ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата
Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата. „Сведоци сме на целосно разградени институции и нивна неефикасност и разнебитеност. Најеклатантен пример е Министерството за здравство, каде Клиничкиот центар е во целосен колапс и истиот …
Continue Reading
Лога: Две-третини за Програмата на ВМРО, но не и за уставните измени
Давањето поддршка од страна на ВРЕДИ за програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ (Програма 1198) преку менување на системски закони со дво-третинско мнозинство, создавајќи министерства/ресори за да ги развластуваат Албанците, покажува нивна примерна вазалност, вели Кренар Лога од Алијансата за Албанците. „Создавањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го прави Министерот за економија неважен и само декор, односно министер без …
Continue Reading
Тирон Јајага ќе раководи со Министерството за одбрана до изборот на нов министер
Министерството за одбрана известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и заврши функцијата. До изборот на нов министер, со Министерството за одбрана во полн капацитет ќе раководи заменик министерот Тирон Јајага.
Continue Reading