Средба на пратеници од Левица со Амбасадорката на Швајцарија

447768958_1031812968301767_7749784577528748233_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска, на 3 јуни, во „Струшката соба“ од Собранието на Република Македонија, пратениците од Левица, Реџеп Исмаил и Амар Мециновиќ, остварија средба со Н.Е. Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Вероник Улман.

„На средбата се дискутираше улогата на Левица во склоп на новиот собраниски мандат како најистакната опозиција на најавеното владејачко мнозинство, но беа потенцирани и недостатоците во новиот собраниски Деловник кој ја оневозможува функционалноста на опозицијата преку интервенциите во процедурата на носење закони“, велат од Левица.

„Дополнително, се разговараше и за претходната и тековна соработка помеѓу двете држави во поглед на институционалното зајакнување и поддршката кон поголема функционалност на македонското Собрание.

Очекуваме оваа соработка да продолжи и да се продлабочи, како и да се остварат дополнителни средби во текот на мандатот“, се додава во соопштението на Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK