(Видео) Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје
„Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, со сите нереализирани изборни ветувања ДПМНЕ излезе со нови лажни ветувања. Промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања“, рече Даниела Николова, пратеничка на СДСМ. „Скопјани, но и граѓаните во над 40 општини ширум …
Continue Reading
Тошковски тврди дека термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден
Термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден, соопшти утрово техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според него, реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби даваат резултат. -Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, …
Continue Reading
Бојмацалиев: 2017/2023 Одделот за криминалистичка полиција заплени дрога во вредност 426 милиони евра
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев го посети Одделот за криминалистичка полиција каде што оствари средба со раководството на оваа организациска единица, со цел да се сумираат резултатите од изминатиот период. Бојмацалиев беше брифиран за работата на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Секторот за општ и насилен криминал во рамки на овој …
Continue Reading
200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, велат од СДСМ
СДСМ има јасен план за европска Македонија, прецизна изборна програма со конкретни мерки и проекти, велат од СДСМ. „Во фокусот на програмата е унапредувањето на животниот стандард на сите граѓаните, пред се поддршката за младите. Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години. Од особено …
Continue Reading
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 800 милиони за македонското земјоделство, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 800 милиони за македонското земјоделство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во период од 4 години 800 милиони евра ќе се слеат од владата кон земјоделците и земјоделието. Средствата се предвидени како доходовна поддршка на земјоделците, како субвенции, грантови и друг вид на поддршка, потоа инвестиции во диверзификација, инфраструктура и опрема. Предвидени се средства за стимулирање на осигурувањето на …
Continue Reading
ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега само штанцаат нови, велат од СДСМ
„ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега наместо програма, само штанцаат нови, немаат што да им понудат на граѓаните. Скопјани и граѓаните на 40-тина општини под капата на ДПМНЕ се уверија во лажните ветувања и изневерените очекувања од ДПМНЕ“, велат од СДСМ. „ДПМНЕ ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи, а …
Continue Reading
Тошковски: Со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти. -Пред две недели го укинавме претходно воспоставеното решение за достава на лични карти според кое полициски службеници ги доставуваа личните карти на домашна адреса на граѓаните и воведовме нов механизам за …
Continue Reading
Во Флорида пристапот до социјалните мрежи е забранет за деца помлади од 14 години
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис потпиша закон со кој на децата помлади од 14 години им се забранува пристап до социјалните мрежи и се бара согласност од родителите за децата да ги користат овие платформи. Освен тоа, законот налага да се укинат постоечките профили на деца под 14 години кои немаат родителска согласност, пренесува Ројтерс. Претходно, ДеСантис стави вето на …
Continue Reading
Тошковски: Управниот суд поништи уште две незаконски одлуки на Владата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека Управниот суд поништил уште две незаконски одлуки на Владата со кои беа поништени решенија донесени од негова страна. „Едната пресуда се однесува на одлука со која беше поништено решение со кое се откажува договорот за вработување на работник во МВР на позицијата командир на ПО Ропотово, додека другата пресуда е за акт …
Continue Reading