Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Ако сè е во ред – зошто пет недели не ги објавувате резултатите од анализите на водата, прашува СДСМ

„Ако сè е во ред – зошто пет недели не ги објавувате резултатите од анализите на водата? Лефков денеска зборува за „резултати“ и нè обвинува дека создаваме паника. Ако сè е во ред – зошто пет недели нема официјални резултати од анализите на водата во Гостивар“, прашуваат од СДСМ. „Зошто предизвикувате несигурност и паника токму со тоа што ги криете …

Continue Reading

(Фото) Мицкоски: Армијата е многу повеќе од униформа, таа е чест, одговорност, дисциплина и посветеност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше во Охрид, во Центарот за обука на вода, каде што се одржа централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата и 34 години од формирањето на современата македонска Армија. „Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во …

Continue Reading

(Видео) „Гостивар без безбедна вода, Скопје со западнонилска треска, Клековски и Мицкоски не можат да го заштитат здравјето на граѓаните“, вели Штерјова

„Со Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е загрозено. На Клековски и Мицкоски им му се случија две здравствени кризи ама тие заминаа на одмор, на екскурзија. Наместо превенција, наместо итна реакција и решение, во двете кризи видовме целосен распад на системот и неспособност на Клековски и ВМРО“, кажа Кети Штерјова, СДСМ. „А се работи за здравјето на луѓето. …

Continue Reading

(Видео) Жерновски: Операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија

Како што најавивме, операцијата за медиумски мрак по рецептот на Вучиќ се спроведува и во Македонија, изјави Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка во СДСМ. „Денеска на прес-конференцијата мораме да кажеме една исклучително важна тема, односно исклучително важна операција што се одвива токму во овој момент додека ја одржуваме оваа прес-конференција. Како што најавивме, операцијата за медиумскиот мрак кој што ќе …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаецот, туку во домот на неговиот татко

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес – конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, кој го повика обвинителството да постапи дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери. „Фабрика од талогот на лажни вести повторно погреши. Прво, МВР има информирано за инцидентот во својот билтен. Ете доказ на фотографијата. Второ, не …

Continue Reading

(Видео) „Филипче и СДС останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултати“, вели Лефков

„Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДС нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос“, вели Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е разликата која граѓаните ја гледаат. Додека СДС произведува политички приказни, ВМРО-ДПМНЕ работи и …

Continue Reading

(Видео) „Се краде од студентите за да им се даде на пензионерите – ДПМНЕ ја плаќа својата гласачка машинерија со парите на младите“, велат од Црвена младина

„Вчера јавно обзнанивме дека студентите три години се оштетувани преку непочитување на законската обврска за усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. Очекувавме барем обид за објаснување од Владата и Министерството за образование. Наместо одговор, младите добија целосен молк. Очигледно, кога ќе ги фатиш со раката во студентскиот џеб, најдобрата вмровска стратегија е да се правиш дека џебот не постои“, …

Continue Reading

Левица: Армијата се соочува со масовен одлив на обучен кадар поради незадоволство од ниските примања

На 34-годишнината од основањето на македонската Армија, наместо прераснување во сериозна сила искалена во реална борба сведочиме на континуирано ослабнување и деградирање на АРМ предизвикано од заедничкото дејство на естаблишментските партии и владејачките елити, велат од Левица. „По повод јубилејот на АРМ, се присеќаме на нејзината историја – создавањето, потешкотиите и раниот развој. Неодминливи се славните денови и херојството прикажано …

Continue Reading

ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште во Чаир, по една година пауза, повторно се гради

Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште, велат од ДУИ. „Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена …

Continue Reading