(Видео) „Гостивар без безбедна вода, Скопје со западнонилска треска, Клековски и Мицкоски не можат да го заштитат здравјето на граѓаните“, вели Штерјова


keti-st18.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Со Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е загрозено. На Клековски и Мицкоски им му се случија две здравствени кризи ама тие заминаа на одмор, на екскурзија. Наместо превенција, наместо итна реакција и решение, во двете кризи видовме целосен распад на системот и неспособност на Клековски и ВМРО“, кажа Кети Штерјова, СДСМ.


„А се работи за здравјето на луѓето. Во Гостивар, граѓаните беа отруени, со недели без безбедна вода за пиење. 5.000 граѓани завршија во болница. По пет недели, и сега откако велат дека водата е безбедна, нема објавено ниту еден официјален документ кој ќе го потврди тоа.

Резултатите од анализите на водата, кои не се објавуваат веќе пет недели, внесуваат несигурност и создаваат паника кај граѓаните. Ако сè е исправно, зошто резултатите досега не се објавени, кога испитувањата се прават секојдневно?

Што се крие од граѓаните, додека министерот повикува на транспарентност? Сака да ги објави резултатите од 2017 година, а не сака да ги објави денешните. Тоа само покажува дека нешто не е во ред.

Во Скопје ескалира кризата со западнонилската треска. 35 потврдени случаи од западнонилска треска. 3 починати.
6 лица во критична состојба на интензивна нега.

Од една криза во друга. Од една епидемиолошка закана во друга. Пак задоцнето, сега допрва мерки, сега допрва прскање. Тотален колапс и хаос.

Клековски, како и неговиот шеф Мицкоски, ги оставија граѓаните и заминаа на екскурзија. Додека Клековски ја сведува борбата против западно-нилскиот вирусот на апели за пријавување мртви гаврани и празнење на базени, граѓаните секојдневно се изложени на ризик.

Ова е уште еден доказ за целосниот распад на системот.

Општините не спроведуваат навремено прскање против комарци. Центрите за јавно здравје немаат капацитет за системска ентомолошка контрола. Агенцијата за храна и ветеринарство реагира само декларативно, без масовни проверки на живината.

Резултатот е трагичен: заболени граѓани, смртни случаи и пациенти во критична состојба.

Наместо системска акција според протокол – има молк, неспособност и префрлање на одговорноста врз граѓаните.

СДСМ бара итна и системска реакција: следење на популацијата на комарци на територијата на град Скопје, лабораториско тестирање на примероци за присуство на вирусот, масовна дезинсекција и уништување на жариштата – канали, бари и водни површини.

Да се направи итна контрола на живината и дивите птици, пријавување и тестирање на мртви птици. И, најважно, итна институционална координација помеѓу Министерството за здравство, центрите за јавно здравје, општините и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Граѓаните не смеат да бидат единствениот „аларм“ за епидемијата. Владата треба да ги штити нив. Клековски не може да го обезбеди тоа и треба да понесе одговорност“, изјави Кети Штерјова, СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK