СДСМ по седум години владеење направи и грешки кои чесно треба да се признаат: Филипче во Валандово
Вчеравечер како носител на Изборната единица 4, Венко Филипче го посети Општинскиот изборен штаб во Валандово. Оттаму порача дека по објава на носителите за претстојните парламентарни избори, СДСМ добива зголемена и силна поддршка на терен. „По една недела на терен и средби со граѓани, морам да истакнам дека се чувствува обединетоста и мобилизација на гласачите на СДСМ кои се спремни …
Continue Reading
Дали СДС и ДУИ на еден месец пред заминување туркаат милионски тендер за дигитални учебници, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Дали СДС и ДУИ на еден месец пред заминување туркаат милионски тендер за дигитални учебници, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Имено пред само неколку месеци МОН даде 500.000 евра на фирмата „Тримакс“ за дигитални учебници кои никој не ги користеше, а сега истата фирма добива 800.000 евра повторно за дигитални учебници како претходно, од кои дел беа опфатени со претходната набавка. И …
Continue Reading
Со ДПМНЕ на чело на МВР се влошува безбедносната состојба секогаш, велат од СДСМ
Секогаш кога ДПМНЕ е на чело на МВР се влошува безбедносната состојба во Македонија, истакнуваат од СДСМ. Според оваа партија, во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила и вчерашниот обид за убиство на градоначалник, со пукање, во кое се ранети две …
Continue Reading
Николоски: Потребна е реформа во судскиот и обвинителскиот систем, распуштање, да се ревидира системот на избор на членови на судски и обвинителски совет, и проверка на имотот на судиите и обвинителите
Во вечерашната емисија „360 степени“ на МРТ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој што кажа дека ситуацијата во судството и обвинителството во државата е драматична и потребно е реформа, распуштање, како и тоа да се ревидира системот на избор на членови на судски и обвинителски совет, и да се изврши проверка на имотот на судиите и обвинителите. „Мислам дека …
Continue Reading
Николоски за Филипче: Нечесно и неетички е човечки судбини да се злоупотребуваат за изборна кампања
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на четвртата изборна единица, Александар Николоски вечерва гостува во најновото издание на емисијата „360 степени“ која се емитува на МРТ1 каде што за својот противкандидат од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче истакна дека за избора кампања злоупотребува човечки судбини и здравјето на граѓаните кои некогаш му биле пациенти, со тоа што им оди во …
Continue Reading
Османи на средба со еколошки здруженија
Претседателскиот кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи, ги посети еколошките здруженија во Неготино, општина Врапчиште. Османи се залага за активна соработка со еколошките граѓански здруженија, за идентификување на најважните еколошки предизвици и потреби. Османи, ја изрази поддршката на инвестициите во зелената енергија, преку зголемување на капацитетите за искористување на сончевата енергија, енергијата на ветерот, како и поддршката на проекти за …
Continue Reading
Бојмацалиев: МВР за 2023 е на прво место од владини институции за примена на системот за интегритет, клучен против корупцијата
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ја информира јавноста дека денеска Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК) го објави извештајот за исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет, при што утврдено е дека МВР за 2023 е прва владина институција од вкупно 71 институции во однос на исполнетоста на обврските за примена на системот за …
Continue Reading
Тошковски: Изградба на нов полициски објект во Чаир треба да биде прв приоритет на МВР во делот на инфраструктурно зголемување на капацитетите
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше во работна посета на полициското одделение Мирковци и единицата за внатрешни работи Чаир каде оствари средби со раководствата и вработените на овие организациски единици на министерството. Во однос на ПО Мирковци министерот беше запознаен со карактеристиките на криминалитетот кој е застапен на подрачјето кое го покриваат и е прилично големо. Заклучокот е дека …
Continue Reading
Интервју со Ѓоко Велковски: Ќе скратиме од „Бехтел и Енка“ и на пензионерите ќе им дадеме линеарно по 5.000 денари до Нова година
Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, милионската злоупотреба на парите од социјална помош ја открил при рутинска контрола, која првпат Министерството ја направило електронски. Најави дека корисниците кои биле незаконски исплатени ќе може да ги вратат парите на рати. Оптимист е дека за пензионерите, со кратења во буџетот, ќе се обезбедат пари за линеарно покачување од 5.000 …
Continue Reading