Здравковски: СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги што не ги изградиле

ohrid-pat-makfax.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги кои не само што не ги изградиле, туку не направиле поместување од тоа што го затекнале, изјави на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Тој рече дека загрижува фактот што Извештајот на Државниот завод за ревизија, наведува дека кај најголем дел од инфраструктурните проекти не само што се зголемени цените на чинење на проектите како и пролонгирани роковите за реализација, туку во дел од нив се јавува и опасност од дополнителни трошоци за арбиртражни постапки кои треба да ги плаќа државата, таков е патот Прилеп – Градско, делот Дреново – Фариш.

„Автопатот Кичево – Охрид што ВМРО-ДПМНЕ го остави во напредна фаза на реализација едвај е поместен од ситуацијата во која е оставен, а според ревизорскиот извештај утврдено е зголемување од 178 милиони евра за доизградба на истиот. Тоа се пари додадени како анекси на договорот, на веќе испроектирани финансии, а патот се уште не е завршен. Лудоста на власта не застанала тука. Таа продолжила и со автопатот Скопје – Блаце, кој за 10 километри, треба да чини над 180 милиони евра, што е за 80 милиони повеќе од првично предвиденото. Зголемување за кое ЈПДП, не дале конкретно објаснување за потребата од зглемување на финаниските средства“, рече Игор Здравковски,

Најголемата трагедија и грабеж на народот се случува со пругата кон Бугарија. Кај истата, како што рече Здравковски, кај третата делница од Крива Паланка до граница се предвидени безобразни 24 милиони евра за километар пруга.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK