(Видео) „По пожарот на модуларната болница во Тетово, Филипче не требаше никогаш повеќе да се појави во јавност, а не да биде претседател на опозиција“, вели Лефков

„По пожарот на модуларната болница во Тетово, Филипче не требаше никогаш повеќе да се појави во јавност, а не да биде претседател на опозиција. Венко Филипче не се грижи за никого, само за својата кариера. Доколку Филипче имаше малку морална големина, тој никогаш повеќе немаше да се врати во политиката“, рече Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. …

Continue Reading

„Глупави се соопштенијата на СДС каде се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер, нема тајни средби на јавен настан“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Глупави се соопштенијата на СДС каде наводно се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер Главчев. Нема тајни средби на јавен настан пренесуван во живо“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „СДС не треба да се грижи поминаа времињата кога премиерот Заев служеше за потсмев на меѓународна сцена додека тој самиот ја виткаше кичмата на Македонија и потпишуваше се …

Continue Reading

Мицкоски од Вашингтон: Македонија и регионот предолго беа заложници на минатото, времето на свиткани кичми заврши

Заврши уште еден работен ден на НАТО Самитот кој што се одржува по повод 75 години од формирање на Алијансата. „Македонската делегација ја предводам јас и можам да кажам дека поминавме еден навистина динамичен ден, исполнет со многу состаноци и средби кои што ги имавме на маргините на НАТО Самитот. Денеска разговаравме со црногорскиот премиер, зборувавме со хрватскиот претседател, унгарскиот …

Continue Reading

Министрите за одбрана на Италија, Албанија, Македонија и Бугарија потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност за потребите на Алијансата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со колегите од Италија, Албанија и Бугарија, Гуидо Кросето, Нико Пелеши и Атанас Запријанов, вчера на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност во рамките на Паневропскиот Коридор VIII, за потребите на Алијансата. Ова е првиот меѓународен документ потпишан од страна на …

Continue Reading

„Преспанското езеро пред еколошки колапс, владината негрижа го продлабочува проблемот“, велат од партијата Левица

„Преспанското Езеро се соочува со страшна еколошка катастрофа која бара итно внимание! Пред една година, Левица јавно предупреди за сериозните ​​​проблеми со кои се соочува ова природно богатство. Денес, за жал, констатираме дека проблемот не само што не е решен, туку и се влошува! Неодговорноста и незаинтересираноста да се спаси Преспанското Езеро од страна на надлежните институции и власта, дополнително …

Continue Reading

ФЗО и Здружението на приватни лекари: Преку дигитализација до намалување на бирократијата

Решавање на проблемите со кои што се соочуваат лекарите во Македонија беше тема на разговор на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов со претставници на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова и Мевљудин Куч. „Приватните здравствени установи (ПЗУ) се носечки столб на примарното здравство и тие се првиот контакт на граѓаните со лекарите. Нивната …

Continue Reading

Петровска: Дали за помошник министер во МВР е поставено лице со кривична пријава за измама?

Славјанка Петровска, пратеник на СДСМ во македонското Собрание преку социјалните мрежи праша дали е точно дека за помошник министер во МВР е поставено лице против кое во 2023 година е поднесена кривична пријава за измама. „Ова прашање им го поставив на пратеничките и пратениците од ДПМНЕ на седницата на Комисијата за политички систем. Одговор немаше, само обиди да бидам замолчена …

Continue Reading

Александар Котевски е новиот директор на Македонската филхармонија

Александар Котевски е назначен за в.д директор на Македонската филхармонија. Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска Миташева која изминативе неколку месеци ја извршуваше оваа функција во институцијата. Котевски е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот во 2015 година. Во периодот од 2011 до 2014 работел како Уметнички директор на Македонската Опера со која во 2013 година ја …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ги аминуваше милионските тендери на директорката Пановска кон Веледрогеријата на татко и, дојде на чело на СДС за да се заштити

Филипче ги аминуваше милионските тендери на директорката Пановска кон Веледрогеријата на татко и, дојде на чело на СДС за да се заштити, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Венко Филипче мисли дека се крие зад позицијата претседател на СДС, со цел кога ќе треба да одговара за криминалите да се жали на политички притисок. Венко Филипче како министер беше соучесник во …

Continue Reading