„Глупави се соопштенијата на СДС каде се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер, нема тајни средби на јавен настан“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ-Чуму-потребата-на-Спасовски-да-лаже-за-два-клучни.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Глупави се соопштенијата на СДС каде наводно се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер Главчев. Нема тајни средби на јавен настан пренесуван во живо“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„СДС не треба да се грижи поминаа времињата кога премиерот Заев служеше за потсмев на меѓународна сцена додека тој самиот ја виткаше кичмата на Македонија и потпишуваше се што му ставаа на маса само за да го покрие криминалот на бате Вице и неговите блиски пајташи. Неговиот по криминал брат Филипче сега ја продолжува таа практика но за среќа прочитани се. Тие се грдото лице на едно поразено бреме“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK