Спасов се стекна со бизнис од 10 милиони евра со СДС, дали затоа сега одработува за лажни вести, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Спасов се стекна со бизнис од 10 милиони евра со СДС, дали затоа сега одработува со ПР за лажни вести, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Спасов од „Рејтинг“ во ек на власт на СДС доби одобрение за изградба на фотоволтаична централа од 2.18 мегавати. Фотоволтаичната централа на Спасов може да генерира приходи и до половина милион евра годишно. Во времетраење од 20 …

Continue Reading

СДСМ: Дали и Муцунски, Тошковски и Мисајловски имаат исто проблем со колената

Според СДСМ, Христијан Мицкоски ги призна луксузните патувања, скапите карти од 20.000 евра и бизнис класите платени со пари на граѓаните. Но, во исто време, како што додаваат од оваа партија, Мицкоски лаже и ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Особено кога, како што велат, без око да му трепне вели дека причина за тоа биле проблеми со колената. „Дали Муцунски, …

Continue Reading

Собранието ќе избира заменици министри; Влен: Нашите кандидати се без дамка на корупција

Собранието денеска ќе ја одржи 11. седница на која треба да бидат изгласани замениците-министри во Владата, за комплетирање на владиниот тим. Седницата е закажана за 11 часот, а на дневен ред е и Предлог на законот за изменување на Законот за здравствената заштита – прво читање, со кои се укинуваат економските директори во јавните здравствени установи и болници и верификацијата …

Continue Reading

Гаши се сретна со заменик министерот за исламски прашања на Саудиска Арабија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши се сретна со Авад Ал Анзиј Бин Сибтиј, заменик-министер за исламски прашања на Кралството Саудиска Арабија, кој предводи делегација во посета на земјава. На средбата присуствуваа и пратениците од Собранието, Аднан Азизи и Салим Сулејмани, како и претставници на ИВЗ, вклучително со Реиз ул Улема Шаќир Фетаи. Соговорниците се осврнаа на односите меѓу двете земји, …

Continue Reading

Демант и реакција на Агенција Рејтинг на соопштенијата и прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ

Агенција Рејтинг е професионална компанија за истражувања и комуникации која 15 години успешно работи на пазарот во Македонија, регионот и Европа. Секојдневните прес-конференции и соопштенија на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, со кои се оцрнува агенцијата без никаква основа, се срамен и недозволив чин за политичка хајка врз приватна компанија. Агенција Рејтинг во своето петнаесет годишно искуство, има соработувано на проекти со …

Continue Reading

Таравари нема да се слика со акцелераторот во „8 Септември“ пред да се пушти во употреба, како што правеа Филипче и Сали

Најмалку шест месеци ќе требаат за да биде ставен во употреба акцелераторот во ГОБ „8 Септември“  за зрачна терапија на онколошките пациенти. Министерот за здравство Арбен Таравари, денес, по посетата на болницата рече дека ќе им требаат најмалку три месеци за да ги направат сите потребни контроли и да утврдат што недостасува и каде треба да се инвестира. За тоа …

Continue Reading

Николовски-Јанев: Со заеднички акции и силна координација во борба против организираниот криминал и корупција

Директорот на Царинската управа Бобан Николовски оствари работна средба со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Двете страни на средбата ја потенцираа својата посветеност во заедничката борба против организираниот криминал и корупцијата, како и безбедноста на граничните премини кои ќе бидат главните постулати на соработката помеѓу Царинската управа и македонската полиција.  На средбата беше договорено во периодот кој …

Continue Reading

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ги понижува работниците, нема покачување на плати во ниеден сектор

 По детална анализата на буџетот, може да се заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на платите во ниеден сектор. Нема да ги почитува обврските од општиот колкетивен договор, нема да има повисоки плати за просветните работници, за здравствените работници, Полицијата, Армијата, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. -Не е предвидено ни барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 …

Continue Reading

Најголема плата во Владата зема Мицкоски – 2.280 евра, а најмалата министерска плата е 1.880 евра, објавени платите на премиерот и министрите

Владата ги објави платите на претседателот на Владата и министрите.   Највисока нето плата зема претседателот на Владата Христијан Мицкоски, односно 140.450 денари, односно 2.280 евра. Сите останати министри земаат плата во износ од 115.540 денари или 1.880 евра. Исклучок е само министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој зема дополнителни 24.865 денари, односно вкупно 140.405 денари.

Continue Reading