(Видео) Талески: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните, нема да има поголеми плати

ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата измама во поновата изборна историја на нашата држава и ги излажаа граѓаните, во секој сегмент. Нивните ноторни лаги излегоа на виделина уште во првите 30 дена од нивното владеење. Ниту ќе има поголеми плати, ниту пак покачување на пензиите, рече пратеникот Миле Талески во македонското Собрание. -Првото што го направија ВМРО-ДПМНЕ, е што ја признаа Република …

Continue Reading

„Немојте да го разочарате народот“ – Мицкоски за заменик-министрите вели дека се нови лица во политиката кои можат да донесат свежи идеи и енергија

Наследивме опљачкана држава, но ќе победиме и ќе донесеме подобри денови за граѓаните, истакна премиерот, Христијан Мицкоски, еден месец по формирањето на новата Влада. По повод собраниската седницата за предлог заменик-министрите во владиниот состав, првиот човек на Владата изрази уверување дека овие заменици ќе ја оправдаат довербата која ја добиваат и ќе работат неуморно за доброто на сите граѓани. Мицкоски …

Continue Reading

Јанушев: Хајката на СДС е неоснована, ги фаќа страв затоа што секојдневно како Генерален секретаријат откриваме нови злоупотреби и ќе треба да одговараат

„Со денови ги гледам оние трагикомични обиди на СДС и нивните докажани полтрони и сателити во политиката како отворено лажат и ме дискредитираат, како измислуваат и се прпелкаат. Толку изгледа бедно и мизерно нивното поведение што совршено го отсликува мочуриштето во кое се потопени, а во кое царува политиката на ниски страсти, ниски удари и безидејноста која дава одговор зошто …

Continue Reading

Ласовска до замениците министри: Работете домаќински

Вашата улога како заменици е еднаква со онаа на министрите, зошто, затоа што треба да им бидете десна рака на министрите, рече пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието на која се расправаше за предлогот за заменици министри во Владата. Според неа замениците заедно со министрите треба да го трасираат патот кон кој ќе се движи Македонија. …

Continue Reading

Левица: Клиничките центри остануваат руинирани, ребалансот предвидува тројно намален буџет

Новата влада предводена од ДПМНЕ и ЗНАМ на самиот старт ја обезвредни здравствената дејност. Трикратно намалување на буџетските средства за изградба на државните Клинички центри и болници низ Македонија со новиот ребаланс на буџетот. Од прв ден докажа дека нема цели и соодветни приоритети за зајакнување на капацитетите на јавното здравство, како и унапредување на пристапот до здравствена заштита како …

Continue Reading

Муртезани со грчката амбасадорка Филипиду: разговарано и за важноста од континуирана имплементација на Преспанскиот договор од двете страни

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со амбасадорката на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду, на која се разговараше за повеќе аспекти од билатералните односи и актуелните политички состојби во регионот. Акцент на разговорите беше ставен на Планот за раст на ЕК за ЗБ, како и на Реформската агенда кои се важни за поттикнување на …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во поклонетиот имот на Јанушев

Скандалот со подарокот од 325.000 евра за герералниот секретар на Владата, Игор Јанушев добива нови димензии, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска од СДСМ. „Денес објавуваме нови информации и детали со документи кои треба да ги истражат надлежните институции, Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција. Фамозниот имот кој бил поклонет на Јанушев, вреден 325.000 евра е составен дел …

Continue Reading

Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, до Нова година готов експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, место наесен, како што најави претходната Влада, ќе биде готов до Нова година. Денес увид во градените работи направија новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и министерот за транспорт Александар Николоски. „Овој пат е во должина од 25 километри, поделен на два лота. Едниот лот е од Страцин до Длабочица …

Continue Reading

Состојбата со издавање лични документи се стабилизира, управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на Одделот за граѓански работи каде одржа работен состанок со помошникот министер за граѓански работи Јован Алтанџиев. Генерално уште еднаш беше констатиран хаосот и негрижата на претходното раководство, како во однос на граѓаните така и во однос на вработените, истакнуваат од неговиот кабинет. Тошковски со преземањето на функцијата уште од …

Continue Reading