(Видео) Шутаров: Проектот за БТР е одговорност на мнозинството во Советот од ВМРО ДПМНЕ

Кај Советот на град Скопје избран во 2021 година лежи одговорноста за јавниот превоз во однос на ново модерно еколошко трансформирање од сегашниот јавен превоз, нешто сосема ново што ќе одоговори и ќе ги задоволи потребите на граѓаните на градот Скопје, истакна советникот на СДСМ Гордан Шутаров на денешната седница на советот на Град Скопје. Шутаров, побара став од советничката …

Continue Reading

Немаме сомнежи дека нашите француски пријатели безрезервно ќе ѝ помогнат на нашата држава да стане дел од европското семејство: Сиљановска Давкова -Ле Риголер

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. На церемонијата на предавање на акредитивните писма, што се одржа во Вила Билјана во Охрид, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во тридецениската историја на дипломатски односи, со заеднички напори, двете држави изградија динамични политички односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во …

Continue Reading

Јаневска потпиша нова четиригодишна програма за соработка во образованието и науката со Хрватска

Македонија и Хрватска ја продолжуваат и унапредуваат соработката во образованието и науката. Новата четиригодишна програма за соработка, што денеска ја потпишаа министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за образование, наука и млади на Хрватска Радован Фукс, ги прави националните образовни системи подостапни за граѓаните на двете земји. Во областа на основното и средното образование, учениците државјани на …

Continue Reading

Пленковиќ: Имаше премногу неправда кон Северна Македонија

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска му порача на премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски дека неговата земја доживеала премногу неправда на патот кон Европската унија и дека Хрватска ќе продолжи да се залага за забрзување на тој процес, пренесуваат хрватските медиуми. „Мислам дека од македонска страна се направени толку многу отстапки, што ретко кој народ и ретко која земја би …

Continue Reading

Кој се престојувал во луксузниот трособен стан во Виена со Бисера Антоанета, ја водела ли и другарката на државен трошок на шетање, прашува Лефков

Бисера Антоанета призна дека изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи, за 1200 евра со поглед на виенскиот парк. Плаќањето преку апликацијата Букинг го објавивме вчера, а денес објавуваме кој го резервирал станот за Антоанета и на чие име е резервацијата, истакна на прес-конференција Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е првата страна од копијата од резервацијата која лично …

Continue Reading

(Видео) Јанчева: ВМРО ДПМНЕ да ја прекине блокадата на Советот и да ги гласа клучните проекти за Скопје

Скопје цели три години е заглавен град на кој му се случува историска катастрофа која му ја нанесоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Прво ја донесоа Арсовска на градоначалничката позиција, а потоа откако се испокараа за рацете во медот почнаа да ја блокираат работата на Град Скопје, преку мнозинството во Советот, вели Љубица Јанчева од СДСМ. Затоа Скопје е во ваква хаотична …

Continue Reading

Стефковски: Лага е дека советничката која ја напушти Левица е предмет на политички пазар

На последната седница на Советот на општина Гази Баба, членот на Советот Марија Ѓошевска која доаѓаше од редовите на Левица ја напушти партијата и изјави дека ќе делува како независен советник кој ќе го поддржува развојот на општина Гази Баба вели во реакција на обвинувањата од Левица граоначалникот на Општина Гази Баба Боба Стефковски. – Изминатите денови претставници од политичката …

Continue Reading

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на двојните директори во Царина сакаат да воведат уште еден, втор заменик директор, си измислуваат позиции

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ветуваа намалување на заменичките места, на двојните директори а во Царина сакаат да воведат уште еден, втор заменик директор, велат од СДСМ. „Ете такви законски измени предлагаат ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието. Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па си измислуваат позиции заменик на заменик директор. Досега вакво нешто е невидено ниту чуено, Царина да …

Continue Reading

ВРЕДИ: Албанците нема да станат жртви на нечии деструктивни сценарија

Коалицијата ВЛЕН цврсто и непоколебливо застанува во одбрана на интересите на Албанците и европската иднина на Северна Македонија. И покрај организираните напади и шпекулациите од страна на Недемократската Унија за Дезинтеграција, ние продолжуваме да градиме мостови на соработка на домашно, регионално и меѓународно ниво. Посетата на првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, во Албанија, каде што оствари средби со државниот …

Continue Reading