СДСМ: Ново пукање, има и тешко повредени, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

Синоќа се случи уште едно во низата пукања, овој пат во Арачиново, има и тешко повредени. Со Тошковски на чело на МВР и ДПМНЕ во власта улиците станаа небезбедни, се пука на секој чекор. Криминалците напаѓаат по улиците затоа што немаат страв од Тошковски, велат од СДСМ. „Пред една недела имаше пукање со убиство кај Мавровка, пред тоа во Синѓелиќ, …

Continue Reading

За моето службено патување е избрано многу поевтино сместување од хотел или луксузни бизнис карти како оние на Мицкоски од 20.000 евра, вели Костадиновска-Стојчевска

„ВМРО-ДПМНЕ и на верски празник продолжува со фабрикувани лаги и невистина за мене“, вели пратеничката и поранешна министерка за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска како одговор на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ за наводни злоупотреби со нејзината службена картичка. „Сакам граѓаните да знаат дека за службеното патување е избрано многу поевтино сместување од хотел или луксузни бизнис карти како оние на …

Continue Reading

Mицкоски обвини за обид за поткуп, до обвинителството не стигнало пријава

Премиерот изјави дека му бил понуден поткуп за да го потпише тендерот за изградба на пругата кон Бугарија во износ од 560 милиони евра, кој истекува на 17 септември годинава. Како премиер, рече тој, не може да стави потпис и да потроши половина милијарда евра јавни пари за проект што завршува на половина тунел во слепа улица. „Додека јас сум …

Continue Reading

Муцунски од Загреб: Хрватска е наш пријател, НАТО сојузник и силен поддржувач за нашето ЕУ-интегрирање

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес, на покана на министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, престојува во работна посета на Република Хрватска. Во рамки на посетата, тој оствари одвоена средба со својот домаќин и учествуваше на посебната сесија на Годишната конференција на амбасадори, генерални конзули и воени претставници на Хрватска во …

Continue Reading

Првиот вицепремиер Меџити беше пречекан од претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Претседателот на Република Албанија г. Бајрам Бегај во Претседателството го пречека првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити. На средбата, што се одржа за време на првата официјална посета на Албанија на вицепремиерот Меџити, претседателот Бегај му честиташе на вицепремиерот Меџити за новата функција и изборниот резултат, а се разговараше за соработката на сите …

Continue Reading

Прва работна посета на Муртезани – заемна посветеност со Австрија за успешна навигација низ ЕУ процесот

Во рамки на својата прва работна посета на Австрија, министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Виена оствари средба со сојузната министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер, на која се дискутираше за зајакнување на билатералните односи и унапредување на процесот на европска интеграција на Северна Македонија, со посебен акцент на политиката на проширување …

Continue Reading

Мицкоски: Нема место за криминалци во политиката, граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на поединци

„Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што ова е стартен ден, јавна набавка којашто ја водела претходната Влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив со јавност да се борам против криминалот и корупцијата и затоа ја дадов таа изјава и тоа е порака дека времето на криминалците во политиката заврши, дека е време е …

Continue Reading

Лефков: Бисера Антоанета со службената картичка во Виена за 4 ноќи изнајмила трособен стан со поглед на градскиот парк од 1200 евра

Бисера не би била вистинска Антоанета, ако своите манири за раскош и луксуз не ги манифестирала во Виена, родното место на историската Антоанета. Бисера Антоанета дословно се потрудила да потсеќа на историскиот оригинал и за само 4 дена во Виена потрошила 3061 евра народни пари, за луксуз и раскош, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Имено од 07.12.2023 година до …

Continue Reading

Мицкоски: Ветивме дека во првата година пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари, тоа ќе го направиме многу побрзо, односно во првите 9 месеци

„Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе биде линеарно нема да биде процентуално како и до сега. Така што најпрвин од овој септември ќе имаме 2.500 денари зголемување, а потоа и од следниот март уште 2.500 денари“, одговори претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски …

Continue Reading