Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање кое зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100 – те дена техничка влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната влада чиј мандат се уште трае. На новинарско прашање дали е подготвен да оди во опозиција со оглед на неколкуте изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека нема да преговара за коалиција со Демократската унија за интеграција, Џафери …

Continue Reading

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред сто дена, го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери на денешната прес-конференција кажа дека се обврзал пред граѓаните дека ќе овозможи слободно изразување на граѓанската волја на двојните избори и тоа заедно со Владата го исполниле. „Спроведовме европски избори во слободнии, фер процеси и во двата изборни круга. Избори кои ќе се спомнуваат како може да се сработи во интерес на граѓаникте и државата. …

Continue Reading

Макрон упати честитка до Силјановска-Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели

Честитки на македонски јазик за победата на Гордана Силјановска-Давкова, вчера, 9 мај 2024 година на социјалната мрежа фејсбук, упати претседателот на Република Франција, Емануел Макрон. Во честитка се потенцира француската поддршка за Македонија кон целосна евроинтеграција при што е наведено следново: „Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Сиљановска-Давкова …

Continue Reading

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за неумоливоста и вербата на секој наш член, гласач, поддржувач, симпатизер и граѓанин кој верува во нашата искреност и визија за подобра иднина“, напиша на социјалните мрежи претседателот на Левица, Димитар Апасиев. „На членовите на Левица им должиме огромна благодарност! Вашата …

Continue Reading

Честитки за победата на Силјановска-Давкова пристигнуваат од региониот и Европа

Честитки за победата до професорката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска упати претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар која го напиша следново: „Честитки професорке Гордана Сиљановска-Давкова на Вашиот избор за прва жена претседателка на Република Македонија, наш пријател и НАТО сојузник. Во духот на Денот на Европа, очекувам заедно да работиме во градењето на европската иднина за вашата земја, народот и целиот …

Continue Reading

Мицкоски: Ќе разговараме со повеќе партии за владина коалиција

Разговорите за коалиција ќе се водат во два правци, ние сакаме да разговараме со сите кои се дел од опозицијата за политиките и визијата која треба да се реализира, и ќе дадеме шанса на сите кои биле опозиција, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само интервју што се емитува на телевизија Канал 5. Мицкоски укажа дека …

Continue Reading

Силјановска-Давкова: Еден претседател треба да обединува и да трага по единство

Гордана Силјановска-Давкова преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката и кажа дека за неа ова претставува голема чест и одговорност. „Ви тврдам и ви ветувам дека од овој момент овде јас ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Еден претседател, особено ако е жена, треба да обединува и да трага по единство. Се обврзувам на такво единство бидејќи секогаш …

Continue Reading

Мицкоски: Историски резултат за ВМРО-ДПМНЕ кој обврзува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 по вчерашните претседателски и парламентарни избори и убедливата двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека резултатот е историски, но и обврзувачки за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ за реформирање и исполнување на ветените проекти. Истовремено очекувам до 28 мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. …

Continue Reading

Груевски му ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: „Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев“

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, им ја честита победата на парламентарните и претседателските избори на своите поранешни сопартијци, коментирајќи дека мнозинството ги казни политиките што ги постави Зоран Заев, а очекувањата на народот не смеат да бидат изневерени. „Судбината сакаше на денот на победата над фашизмот, одбележувајќи го големиот пораз на фашизмот во 1945 година, да го поздравам големиот пораз …

Continue Reading