Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност со Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, а ќе ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го …

Continue Reading

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои 308.632 гласа повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски. Од обработени 99,09 отсто од избирачките места i 99.82 отсто обработени избирачи, за неа гласале 560.173 граѓани, а Пендаровски доби 251.541 глас. Со поголема разлика во гласовите за претседател беше избран само Киро …

Continue Reading

Демократскиот сојуз: Двојната победа-огромен предизвик

Демократскиот сојуз, претседателските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски. Оценуваат дека пројавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции. „Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен …

Continue Reading

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа која ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Македонските гласачи синоќа избраа претседателка на државата и 120 пратеници во законодавниот дом. Им честитам на победниците за успехот, а на граѓаните и на институциите за демократските и мирните избори, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот Бојан Маричиќ. Оценува дека новата власт има доволно гласови и поддршка од граѓаните за да ги решава сите напластени проблеми, но и да ги продолжи …

Continue Reading

Варјехи: Очекувам со Силјановска да работиме на забрзување на реформите за преговорите со ЕУ

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, и’ ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова на изборите. „Честитки за новата претседателка на Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме со претседателката Гордана Сиљановска Давкова на забрзување на потребните реформи за да се придвижи напред процесот на пристапни преговори“, наведе Вархеји во честитката на платформата „Икс“. Congratulations to the new …

Continue Reading

Радев: Наскоро ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател, Румен Радев вели дека наскоро ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија Гордана Силјановска и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје. „Секогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но во согласност со принципите на добрососедство и пред се’ Копенхашките критериуми за членство. А тоа би значело промена на Уставот …

Continue Reading

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО – ДПМНЕ освои 58 мандати во новиот собраниски состав. Зад неа е Коалицијата на ДУИ со освоени 19 пратенички мандати. СДСМ на овие избори освои 18 мандати. Коалицијата Вреди има 13 мандати во Собранието а по шест мандати имаат „Левица“ и партијата ЗНАМ.

Continue Reading

Вучиќ до Силјановска Давкова: Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија. „Им честитам на Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и и посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу …

Continue Reading

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на вчерашните претседателски избори. „Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата“, напиша Гир. Според последните резултати објавени на сајтот на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска …

Continue Reading