Кадрите на Села и Ахмети печалеле од бизниси со коцкарници, обвини „Вреди“ и најави дека ќе обелодени повеќе случаи на корупција
Коалицијата „Вреди“ соопшти дека стартува со серија прес-конференции со кои на јавноста ќе и предочат информации за политичка корупција, во режија на истакнати кадри на Европскиот Фронт на чело со Али Ахмети и Зијадин Села. Од коалицијата посочија дека станува збор за сериозни скандали, кои меѓу другото ќе покажат со кои методи за остварување политичко влијание се служеле ДУИ и …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Дон Николовски толерирал нерегуларности на фирми блиски до СДС, без основа се исплаќани илјадници евра за субвенции
Љупчо Дон Николовски толерирал лица блиски до власта на СДС со огромни количини земја под закуп во нивните нерегуларности и со години дозволил штета врз буџетот. Фирмата ДЗС Илинден на која и бил раскинат договорот за закуп на околу 1000 хектари земја со години земала субвенции, иако земјиштето веќе не било под нејзин закуп, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, …
Continue Reading
Стојаноски: Пропаднаа сите обиди на СДСМ да спречи финансирање на капитални проекти во општините ширум Македонија
Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, пропаднати се сите обиди на СДСМ да спречи финансирање на капитални проекти во општините ширум Македонија и на поволни средства за инвестиции на приватниот сектор. „СДСМ во текот на изминатите денови покажа недржавничко однесување обидувајки се да спречи изградба на нови градинки, училишта, игралишта, катни гаражи, улици и други бројни инфраструктурни проекти. Проектот за …
Continue Reading
Муцунски-Шпајх: соработката ќе се интензивира како на политички, така и на економски план
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на работна средба го прими државниот секретар во Министерството за сојузни, европски и меѓународни прашања на покраината Северна – Рајна Вестфалија, Марк Шпајх, кој се наоѓа во дводневна работна посета на земјава. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните и идни можности за соработка кои ги нуди Заедничката декларација за соработка …
Continue Reading
Мали се шансите Арсовска да добие од унгарските пари за нови автобуси, Перински нагалси дека замислата на проектот не е набавка на средства
Нема да остане локална самоуправа која не аплицирала за средствата што Владата ги нуди за подобрување на инфрастуктурата, рече денес министерот за локална самоуправа Златко Перински. Меѓу апликантите е и Град Скопје кои поднесоа 20 проекти вклучително и проектот за набавка на 95 нови автобуси за јавниот превоз, откако градоначалничката Данела Арсовска не успеа да го убеди Советот на Скопје …
Continue Reading
Муртезани-Горчевиќ: разменети мислења за следните чекори во напредокот на процесот на пристапување кон ЕУ
Со средба со својот црногорски хомолог, министерот за европски прашања на Северна Македонија, Орхан Муртезани утрово ја започна работната посета на Црна Гора. На средбата со министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, беа разменети мислења за следните чекори во напредокот на процесот на пристапување кон Европската Унија и зајакнувањето на регионалната соработка во Западен Балкан. Муртезани и …
Continue Reading
Алијанса на Албанците: Апелациониот суд ја прифати жалбата на Таравари, го врати предметот на повторно судење
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, реагираше на одлуката на Апелациониот суд со која се поништи одлуката на Основниот суд во Тетово. Според Таравари, со последната одлука на судот Алијансата за Албанците се враќа во своето членство. „Алијансата за Албанците е наша! Апелациониот суд одлучи дека партијата Алијанса за Албанците и припаѓа на апсолутното мнозинство. Партијата му се враќа …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче против СДС и граѓаните, не сака да се градат проекти и решаваат проблеми
Со тоа што Венко Филипче е против поволниот кредит од Унгарија кој е наменет за инфраструктурни проекти во општините и ефтини кредити за бизнисот, тој така е против општините кои аплицирале, а има и такви чии градоначалници се од СДС, и против народот кој треба да види бенефит од овие пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „На овој начин Венко Филипче покривајќи …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Дон Николовски дал нелегално половина милион евра субвенции на „Арекспорт“ која не почитувала договор
Љупчо Дон Николовски, поранешен министер за земјоделие потпишал договори за закуп на земјоделско земјиште со фирмата „Арекспорт“ од Струмица со што го оштетил буџетот, кој се полни со пари на граѓаните, за околу половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, Николовски морал да е во тек со реализација на договорот за закуп со Арекспорт. „Зошто? Затоа што, прво, тоа …
Continue Reading