Муцунски на средба со нерезидентни амбасадори: Продлабочување на билатералните односи и унапредување на економската соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, вчера оствари средба со група нерезидентни амбасадори, акредитирани за нашата земја, со седиште во Софија. На состанокот присуствуваа амбасадорите на Мароко, Египет, Кувајт, Монголија, Грузија, Молдавија, Индија, Куба и Пакистан. На средбата, Муцунски ја истакна важноста од продлабочување на билатералните врски со овие земји, а беше разгледана …
Continue Reading
СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена
„Наместо да се повлече од скратената постапка за носење на коруптивниот Закон за кредит и да отвори јавна расправа, во редовна и транспарентна процедура, власта на Мицкоски го турка по секоја цена. За денеска е закажана седница на Комисијата за финансисрање и буџет од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Нема редовна постапка, нема експертска дебата, нема информирање на …
Continue Reading
Димовски-Рокас: во фокусот предизвиците во забрзување на процесот на отворање на преговорите
Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски оствари средба со новоакредитираниот амбасадор на Делегацијата на Европската Унија, Михалис Рокас. Честитајќи му на амбасадорот за новата должност, Димовски му се заблагодари на амбасадорот Рокас за континуираната поддршка на делегацијата на ЕУ на нашиот евроинтегративен процес. Основните точки во отворениот и плоден разговор беа ставени на активностите на Владата во …
Continue Reading
Гаши на средба со група нерезидентни амбасадори со седиште во Софија: разговарано за економската размена и искуствата на дел од земјите аспиранти за ЕУ
Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со група нерезидентни амбасадори за нашата земја, со седиште во Софија, кои се во посета на Скопје. На средбата присуствуваа нерезидентните амбасадори на Мароко, Египет, Кувајт, Монголија, Грузија, Молдавија, Индија, Пакистан и Куба, кои изразија поддршка за нашите институции и волја за продлабочување на односите и за јакнење на соработката со Република Северна …
Continue Reading
Работна средба на министерот за правда Игор Филков со директорот на УИС, Александар Пандов и директорите на затворите во земјата
Во тренинг центарот на КПУ Идризово, министерот за правда Игор Филков одржа работна средба со директорот на УИС Александар Пандов, директорите и замениците директори на сите затворски институции во државата. Состанокот беше фокусиран на согледување на фактичката состојба и проблемите со кои се соочуваат затворските институции. Проблемите се детектираат пред се во просторните услови на институциите, недостатокот на вработени, како од безбедносните …
Continue Reading
Телефонски разговор Муцунски – Сибиха – реафирмирана поддршката за Украина
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со својот украински колега Андриј Сибиха. „За време на разговорот, Муцунски ја реафирмираше нашата поддршка за Украина, која ќе продолжи и во иднина. Тој потенцираше дека, како земја-членка на НАТО, остануваме посветени на обезбедување силна политичка и практична помош за Украина додека таа ја брани својата независност …
Continue Reading
Перински: Проектот во Карбинци ги дава очекуваните резултати, потранспарентна општина и зголемено граѓанско учество во носењето одлуки на локално ниво
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со амбасадорката на Швајцарија, н.е. Вероник Улман и Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, денеска ја посетија Општина Карбинци која е една од општините во која се спроведува проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“. Целта на посетата беше запознавање со имплементираните и тековните активности што се реализираат во Општина Карбинци, како …
Continue Reading
Муцунски во Шпанија: ЕУ да испрати јасна порака за да поттикне поголема доверба и кредибилитет во процесот на интеграциите
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчера оствари работна посета на Кралството Шпанија. Освен работната средба со својот шпански колега, тој се сретна и со членовите на Комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија и со потпретседателот на Шпанската конфедерација на бизниси (CEOE), Inigo Fernandez de Mesa, а имаше и свое обраќање на Кралскиот Институт Elcano. …
Continue Reading
Мицкоски ќе пресметува колку пари се потрошени во историската комисија: „Ќе дојде ОБСЕ, ама ќе дојдат и истражители и инспекции“
Првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски соопшти дека се потрошени стотици илјади евра народни пари за историската комисија со Бугарија. Според премиерот, тие средства биле потрошени на ништо, а резултатот е капитулација, прифаќајки го она што веќе го прифатиле експремиерот Димитар Ковачевски и ексминистерот Бујар Османи. Во врска со апелот на поранешните членови на комисијата за вклучување на експерти од …
Continue Reading