ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче против СДС и граѓаните, не сака да се градат проекти и решаваат проблеми

Најавената-финансиска-полиција-која-ќе-влезе-во-М-Нав-е-само.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со тоа што Венко Филипче е против поволниот кредит од Унгарија кој е наменет за инфраструктурни проекти во општините и ефтини кредити за бизнисот, тој така е против општините кои аплицирале, а има и такви чии градоначалници се од СДС, и против народот кој треба да види бенефит од овие пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



„На овој начин Венко Филипче покривајќи ја сопствената безидејност и меконструктивност всушност е против СДС, проектите за граѓаните и кредитите за бизнисот што ќе значи отворање на нови работни места и силна економија“, велат од партијата и додаваат:

„Ова е незапамтено работење против интересите на државата за да се отргне вниманието од реалните проблеми и состојби во кој се наоѓа оваа партија. Филипче ја злоупотребува партијата за свој интерес и пресметка“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK