„Колку народни пари потрошил Фетаи додека не се појавувал на работа – Мицкоски да иницира одговорност за несовесно работење“, бара Левица

„Левица најостро реагира на скандалозното и неодговорно однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работното место, не присуствува на владините седници, не одговара пред Собранието, а притоа продолжува да ја користи функцијата и бенефитите што ги плаќаат граѓаните на Македонија“, велат од партијата Левица. „Додека Владата на Мицкоски секојдневно им порачува на граѓаните дека „нема …

Continue Reading

ДУИ: Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит е обид за саботирање на Законот за употреба на јазиците

Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност со Уставот и препораките на Венецијанската комисија, претставува уште еден обид за заобиколување и саботирање на Законот за употреба на јазиците, оценуваат во ДУИ. Проблемот, како што велат, не е во недостаток на законско решение. Според ДУИ, решението веќе постои …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Мицкоски да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и да ги почне преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека наместо креирање поделби и отворање вештачки теми, Мицкоски треба да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и зошто не ги продолжува преговорите со Европската Унија. „Зошто не ги става Бугарите во Уставот и другите малцинства и да ги почне преговорите со Европска Унија? …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Во Владата на Мицкоски врие од бугарски пасоши

Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши. Одбија да го прифатат предлог-законот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства, изјави лидерот на СДСМ, Венко …

Continue Reading

ВМРО слави туѓи победи, слават Ден на Европа, а се против ЕУ, велат од СДСМ

Според СДСМ, ВМРО-OКГ, како што велат, продолжува со своето тотално лицемерие. „Слават Ден на Европа, а се против ЕУ. Прават антиевропска кампања, а слават Ден на Европа. Работат за руски интереси, а слават ЕУ која воведе санкции против Русија. Слават НАТО, а беа против Преспанскиот договор и влезот во НАТО. Правеа се да не влеземе во Алијансата, а сега велат …

Continue Reading

Левица: „Комитет пред квалитет“, за директор по мерка на власта се менува Законот за македонска радиодифузија

Денес на дневен ред во Собранието се скандалозни измени на Законот за основање на јавно претпријатие Македонска радиодифузија, со кои власта на ДПМНЕ ги елиминира критериумите за професионалност и стручност при избор на директор, очигледно со цел да инсталира уште еден партиски послушник, истакнуваат од Левица. Со предложените измени, власта, како што оценуваат од оваа партија, го брише условот директорот …

Continue Reading

(Видео) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите – се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

Криминалната ВМРО удри и по студентите. Наместо подобрување на студентскиот стандард, власта најде начин како да скрати и од студентите, додека вртат милионски криминални тендери, изјави Стефанија Кузмановска од СДММ. Таа вели дека новите измени на Законот се директен удар врз студентскиот стандард. „Се намалуваат стипендиите за социјални категории, поскапува сместувањето во студентските домови. За прв пат се воведува категоризација …

Continue Reading

Жерновски: Во Куманово собир за поддршка на Вучиќ, од власта молк

Андреј Жерновски од СДСМ ја обвини власта за дволична политика. Тој вели дека за најавениот политички собир за поддршка на српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Куманово, нема никаква реакција. „Замислете само што ќе се случеше ако утре во Македонија се организира, на пример, митинг за поддршка на Радев. Мицкоски, Муцунски и целата нивна орбановска медиумска мрежа ќе врескаше за „мешање …

Continue Reading

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете живее во сиромаштија

Додека партиите на власт пропагираат многудетни семејства и апели за зголемување на наталитетот, фактите укажуваат дека државата воопшто или многу малку се грижи за детскиот стандард. Фрапантни се податоците кои укажуваат на фактот дека секое трето дете во Македонија е сиромашно. Најсклони кон сиромаштија се повеќедетните семејства, децата на самохрани родители, децата со социјален ризик, велат од Левица. Од партијата …

Continue Reading