(Видео) Талески: Државата е заложник на долговите на власта, ВМРО ја стави иднината на граѓаните под хипотека
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната собраниска седница, нагласи дека Владата премиерот Мицкоски и министерката за финансии Кочоска ја туркаат државата во опасна должничка спирала, со постојани нови кредити со високи камати кои ќе ги плаќаат граѓаните и без реален економски ефект. Талески посочи дека наместо економски развој, Владата создава политика на постојани задолжувања и финансиска зависност. „Денес не …
Continue Reading
Лукаревска: Новата фискална стратегија не нуди системски реформи, туку должничко ропство
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја обвини Владата за предложената фискална стратегија 2027 – 2031 година, оценувајќи дека таа е заснована на нереални очекувања и недоволно јасни економски политики. Лукаревска посочи дека стратегијата се потпира на надеж, а не на структурни реформи, додавајќи дека се очекува БДП да расте побрзо од задолжувањето, без јасен одговор како ќе се справи идните …
Continue Reading
(Видео) Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието, предупреди дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра, ќе чини многу поскапо земјаќи ја предвид високата камата, при што само за камати државата ќе плати 58 и 64 милиони евра. Битиќи посочи дека цената за ваквото скапо задолжување ќе ја платат граѓаните уште пред да се почувствува каков …
Continue Reading
СДСМ: Остануваат уште пет ден до уште една лага и неисполнето ветување на Мицкоски
Остануваат уште само пет дена до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски вети дека ќе ја исполни Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат, велат од СДСМ. „Пет дена до уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага. Не може „промакедонска“ партија, како што вели Мицкоски, со бугарски пасоши да биде македонска. Како што лажеа за враќање на името, …
Continue Reading
Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина, Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица
Политичката партија Левица изразува како што велат од таму, сериозна загриженост поради отсуството на официјален и јасно образложен став од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во однос на нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц околу исходот на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ. Во услови, кога, како што посочуваат од Левица, се отвораат суштински прашања за идниот европски …
Continue Reading
(Видео) Цветановски: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, му пропадна лажниот патриотизам
Граѓаните добро знаат дека Мицкоски кога клечеше и молеше за власт ветуваше враќање на името, промена на преговарачката и укинување на Преспанскиот договор, истакна на прес-конференција Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Ги излажа граѓаните. Му пропадна лажниот патриотизам, пола влада му е со бугарски пасоши. А што ветуваше Христијан Мицкоски за економијата? Ветуваше дека „ќе биде многу …
Continue Reading
Кумот на Максим Димитриевски со уште еден бизнис бум во Куманово после скандалот со земјиштето за „Лидл”, велат од Левица
Додека граѓаните на Куманово живеат во хаос од урбанизација и масовно се иселуваат– блиските луѓе на Максим Димитриевски очигледно доживуваат вистински бизнис-бум, реагираат од Левица. Левица открива нов скандал. „Од вкупно 48 прифатени иницијативи за поставување фотоволтаични централи, дури 16 се поврзани со фирмата „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски – кум на Максим Димитриевски. …
Continue Reading
Дали Мицкоски и Филков конечно ги пратија документите за екстрадиција на Груевски, прашуваат од СДСМ
„Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор. Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија. Што се случува со документите? Кога ќе бидат испратени“, прашуваат од СДСМ. Како што додаваат, повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува …
Continue Reading
Уште само шест дена остануваат до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски, велат од СДСМ
Уште само 6 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за целосно исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат, велат од СДСМ. „6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски. 6 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и …
Continue Reading