Костадинов со критики до СДСМ поради предлог за промена на пол кај малолетници, партијата му одговори дека законот е од 2023 и е повлечен

Нова политичка дебата се отвори во јавноста откако поранешниот градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов, преку статус на социјалните мрежи рече дека Законот за матична евиденција предвидувал промена на пол на малолетни лица без согласност од родителите. Тој повика на консолидација и порача дека огромното мнозинство во партијата овојпат мора да биде на иста страна и да не дозволи …

Continue Reading

(Видео) Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати две прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања не беше присутна. Битиќи потенцираше дека има дополнителни најави за нови задолжувања и неплатени обврски кон стопанството и предупреди дека ваквата фискална траекторија, заедно со дефицит кој веќе го надминува законски утврдениот праг и достигнува околу 3,5% …

Continue Reading

(Видео) Левица ќе поднесе нова интерпелација против Тошковски, најави Апасиев

Левица ќе поднесе втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за саботирање истраги, селективна правда, непрофесионално работење на полицијата и судир на интереси, најави денеска лидерот на партијата Димитар Апасиев. Тој кажа дека состојбата во МВР дополнително се влошила, а институцијата наместо професионален сервис, станала „приватна партиска полиција“. „Сметаме дека оваа година проблемите во МВР не …

Continue Reading

Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат за европската иднина

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати повик до Владата за распишување референдум. Како што изјави Кузеска, Владата на Мицкоски признала дека нема пари ниту за организирање референдум, обвинувајќи дека пари има само за, како што рече, криминалната група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тендери, додека нема за повисоки плати, минимална плата од 600 …

Continue Reading

Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион, реагираат од СДСМ

Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина, истакнуваат од СДСМ. Прашуваат, кога буџетот е во „одлична форма“? Ова, според нив, е уште една потврда дека во буџетот нема пари. „Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно. Има пари само за криминалната група ВМРО. Има пари …

Continue Reading

Ахмети-Селф: во фокусот зачувувањето на Охридскиот договор и загриженоста околу неговата ерозија во државните институции

Делегација на Демократската унија за интеграција, предводена од претседателот Али Ахмети, вчера оствари средба со Конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Конгресот на Соединетите Американски Држави. На средбата се разговараше за политичките случувања во Северна Македонија, значењето од зачувувањето на Охридскиот мировен договор, како и за сериозните загрижености околу неговата ерозија во државните институции. Соговорниците истакнаа дека …

Continue Reading

(Видео) Филипче побара референдум за влезот во ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предлага референдум за членството на Македонија во Европската унија. Тој вели дека граѓаните треба сами да одлучат дали сакаат да ја плаќаат цената за, како што рече, криминалните политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. „Вчера го слушнавме Христијан Мицкоски, рече: ‘Нема повеќе отстапки за влез во Европската Унија, подготвени сме да ја платиме цената’. Се …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Стоилковиќ отворено работи за кинеска и руска агенда

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека вицепремиерот Иван Стоилковиќ, отворено работи за кинеска и руска агенда со цел блокирање на европскиот пат на Македонија. „Најблискиот соработник на Мицкоски и втор човек во владата, отворено повикува на стратешка соработка со Кина. По години застапување на српски и руски интереси, сега Стоилковиќ стратешки удри и на стратешкиот партнер на Македонија – …

Continue Reading

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска најпрвин нè повика на средба „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш одговори позитивно и ја прифати поканата. Вчера пратениците ја повикаа во Собранието. Неа ја нема, велат од Социјалдемократиот сојуз на Македонија. Во соопштението СДСМ посочува дека инсистирале состанокот да биде јавен и отворен за медиумите, со цел, како што велат, пред граѓаните да се …

Continue Reading