„Државата ги осудува граѓаните на кираџиство – становите во Скопје поскапеа за 13,3%“, велат од Левица

„Според најновите податоци на Народната банка, цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава пораснаа за дополнителни 13,3% на годишно ниво. Трендот на вештачко пумпање на цените продолжува со уште позабрзано темпо, додека институциите не прават ништо за да ги заштитат граѓаните“, велат од партијата Левица. „Ситуацијата се случува во реалност каде што македонскиот работник е официјално најниско …

Continue Reading

Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО, порачуваат од СДСМ

„Христијан Мицкоски денеска се сретна со генералниот секретар на Интерпол и најави зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал. Ако навистина сака да се бори против криминалот, тогаш нека почне од најблиску – околу себе“, порачуваат од СДСМ. Нека ги замоли Интерпол, додаваат од опозициската партија, веднаш да ја истражат аферата со петте тони дрога што слободно поминаа преку …

Continue Reading

(Видео) Левица за Изборниот законик: Ова е бегање од одговорност на ДПМНЕ, во понеделник ќе ги поканиме опозициските партии на средба

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, најави дека Левица во понеделник официјално ќе ги покани опозициските партии на средба за Изборниот законик, со цел да се излезе со заеднички предлог за една изборна единица: „Прво и основно, ова е бегање од одговорноста на ДПМНЕ. Нема потреба да се состанува само опозицијата, треба сите. Но, во ред, ако веќе …

Continue Reading

Левица: Владата подготвува концесии за четири нови рудници

Планираното отворање на четири нови рудници за бакар и злато покажува дека Владата продолжува да ја турка Македонија кон модел на рударска експлоатација на штета на животната средина, здравјето на граѓаните и иднината на државата. Наместо да ги расчисти последиците од децениското загадување и да ги заштити природните богатства, Владата отвора простор за нови еколошки катастрофи, реагираат од Левица. Станува …

Continue Reading

Пациенти со трансплантиран бубрег повеќе од еден месец се оставени без потребниот лек, тврди Мојсоска

Пациенти со трансплантиран бубрег повеќе од еден месец се без Recormon, тврди пратеничката од Левица, Јована Мојсоска. Таа кажа дека пациенти со трансплантиран бубрег од битолската болница алармирале до Левица дека повеќе од еден месец се оставени без лекот Recormon (еритропоетин), односно без терапија со која нивното здравје е сериозно загрозено. Според информациите што ги соопшти Мојсоска, наместо државата да …

Continue Reading

(Видео) Поповиќ: ММФ ги разби лагите на Мицкоски, македонската економија расте побавно дури и од Косово

ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија – македонската економија расте побавно дури и од Косово, изјави Наташа Поповиќ од СДСМ. „Македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот во следните пет години, дури и Косово е пред нас. Меѓународниот монетарен фонд ги разби лагите и пропагандата на Мицкоски за некаква „трета“ економија во Европа. Според ММФ – во …

Continue Reading

Левица не се откажува од барањето за една изборна единица

Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе – тие се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата, велат од Левица и наведуваат дека нема да се откажат од барањето за една изборна единица. Од таму велат дека партијата која има мнозинство …

Continue Reading
Мицкоски да не се крие, да одговори за настаните во Скопје и Тетово

Заклучоци од вчерашната седница на ИО на СДСМ

„На вчерашната седница Извршниот одбор на СДСМ дискутираше за повеќе актуелни теми“, велат од партијата. „ИО изрази сериозна загриженост за лошата економска состојба во земјата и влошениот животен стандард на граѓаните, во Буџетот нема пари, власта трупа нови долгови и со ребалансот состојбата со долговите се влошува. СДСМ ќе продолжи да се бори против погрешните економски и криминални политики на …

Continue Reading

Левица: Владата нема интерес да воведе механизми за контрола на трошењето на јавните ресурси

На амандманската расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот, парламентарното мнозинство предводено од ДПМНЕ ги одби и амандманите на Левица со кои се предлагаа мерки за поголема контрола врз користењето на службените возила, подобрување на условите во полициските објекти, отворање Конзулат во Корча и отпочнување на реализацијата на стратешкиот проект „Хидроелектрана Чебрен“, соопштија од партијата Левица. Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил – …

Continue Reading