(Видео) Филипче: Македонија повеќе не е на европската агенда поради Мицкоски

Македонија повеќе не е на европската агенда и останува на страна од европските процеси поради неспособноста и погрешните политики на Христијан Мицкоски, кажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека државата е доведена во состојба на политичка изолација и неизвесност во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е високо на нејзината агенда. „Во текот …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Следуваат тешки есенски месеци, не се знае колкава ќе биде цената на струјата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оцени дека економската состојба со која се соочуваат граѓаните е најголем демант на тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија е „трета економија во Европа“. На прес-конференција, Филипче изјави дека Владата, според него, се обидува да ја прикаже состојбата подобра отколку што е реално, но дека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците преку трошоците за …

Continue Reading

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

СДСМ обвини дека додека граѓаните се соочуваат со економски проблеми и ниски примања, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на поранешниот премиер Никола Груевски. Од партијата наведуваат дека станува збор за станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски, според нив, располага со многу поголеми средства и имот надвор од земјата. „Додека граѓаните …

Continue Reading

СДСМ: Обнова на соработката меѓу Уставните судови на Македонија и Србија – уште еден чекор кон продлабочување на авторитарната оска

Обновувањето на билатералната соработка меѓу Уставните судови на Македонија и Србија, по 15 години, не е обична институционална размена. Тоа е дел од системското продлабочување на врските меѓу два авторитарни режима кои се поврзани преку сестринските партии ВМРО и СНС, велат од СДСМ. „Претседател на Уставниот суд на Србија, Владан Петров, е јавно познат по својата отворена политичка поддршка за …

Continue Reading

СДСМ: Новиот министер за земјоделство со соларна централа – уште еден „патриот“ со бизнис во енергетиката

Откако ВМРО-OКГ и нивните партнери од ЗНАМ, кои веќе практично не постојат, нè навикнаа на тоа дека голем дел од владините функционери и нивните семејства имаат бугарски државјанства, сега добиваме и нов министер за земјоделство кој се школувал во Бугарија, велат од СДСМ. „Борче Серафимовски, предложен од ЗНАМ за министер за земјоделство, според достапните информации од лани поседува голема фотоцентрала …

Continue Reading

Дури и на анкетите на Мицкоски, Левица расте со пратеници – тој изгуби 100.000 гласа за една година, велат од оваа партија

Не е случајно што ДПМНЕ ја прогласи дијаспората за своја единствена црвена линија кога и нивните дебело платени анкети (платени од јавни пари) кои ги користи како доказ за сопствената непобедливост бележат пад на нивната поддршка. Наместо да се соочи со незадоволството што расте дома, Мицкоски политичкиот спас очигледно почна да го бара надвор од државата, велат од Левица. „Впрочем, …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Изборниот законик – уште една лага и манипулација на Мицкоски

Христијан Мицкоски и ВМРО-OКГ повторно се обидуваат да ја излажат јавноста. Овој пат преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на дијаспората, кажа на денешната прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Ние од СДСМ сме јасни: дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и дијапората гласа со постојниот модел. Ние не …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Со ребаланаот се кратат парите за младите

Власта со ребалансот крати пари кај младите, за да ги пополни дупките во Буџетот од промашените економски политики, реагираат од СДСМ. „Парите од програмата за млади е скратена за 1 милион денари а за демографски политики се намалени за 70%. Каква „трета економија“, каква „финансиски стабилна држава“ пари нема за младите. Додека секој трет човек сака да си замине од …

Continue Reading

Македонија под раководство на Мицкоски стана трета економија на празни фрижидери, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот. Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати, велат од СДСМ. „Инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа …

Continue Reading