­

Историја без Албанци-Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците, реагираат од ДУИ

Новата програма на Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука за предметот „Историја и општество“ за седмо одделение претставува сериозен чекор назад и длабока навреда за Албанците во оваа земја, оценува ДУИ. Овој документ, кој служи како основа за подготовка на учебниците, според партијата на Ахмети, целосно ги игнорира Албанците, нивната култура, историја и придонес во …

Continue Reading

Села му одговори на Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

Едниот од лидерите на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, преку социјалните мрежи му одговори на неговиот поранешен сопартиец, Арбен Таравари за можноста за повторна соработка. „Според албанската традиција и обичајното право, домот не е едноставно место каде што живееш, туку тоа е име и идентитет! Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, …

Continue Reading

СДСМ: Нема плата за Влегден за културните работници

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен рок за исплата на платата, во Светата седмица, на Велики четврток – симбол на смирение и човечност, само три дена пред големиот христијански празник Велигден, вработените во културата сè уште немаат добиено плата за месец март, велат од СДСМ. Според партијата ова не е само административен пропуст, туку директен удар врз …

Continue Reading

(Видео) Апасиев алармира: Под превезот „работно ангажирање” се легализира експлоатацијата

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на јавната расправа на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, ги посочи потенцијалните закани и сериозните пропусти содржани во Предлог-законот за работно ангажирање на лица, предложен од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. „Законот и покрај сите хвалоспеви има суштински недостатоци кои имаме време како Собрание да ги поправиме. Законот, според мое …

Continue Reading

(Видео) Кузеска 30 дена по трагедијата во Кочани: Зошто се штитат актуелните полициски функционери, министре Тошковски, нели имате малку совест?

„Поминаа триесет дена од трагедијата во Кочани, во која го загубија животот 61 лице, а уште 200 беа тешко повредени. По 30 дена, повеќе од јасно е дека истрагата за овој настан се води селективно и во сосема погрешен правец. Ова не е случајно или поради незнаење, туку намерно — со цел да се заштитат актуелни функционери, службеници и началници …

Continue Reading

„Таравари не може да бега од одговорност за затворената кардиохирургија која е стратешки интерес на државата“, велат од партијата Левица

„Министерот Таравари продолжува да ја крие сопствената одговорност позади некаква стручна комисија, која треба да утврди дали имало пропусти од здравствените работници за случајот со починатиот пациент на Клиниката за кардиохирургија. Јавноста мора да знае дека затворање на единствената сала на Кардиохиругија, во услови кога очигледно пациентите нема каде да се пренасочат – претставува колапс на здравствениот систем по директива …

Continue Reading

Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази, прашуваат од ДУИ, по трагедијата во Кочани

Демократската Унија за Интеграција со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот, под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта, инфрормираат од оваа партија. „Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од …

Continue Reading

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

Последните објавени информации дека се приведени поранешни полициски службеници од кои 5 лица се веќе и пензионирани е уште еден доказ за селективноста на истрагата за Кочани, велат од СДСМ. „Наместо правда, јавноста сведочи дека под палката на Тошковски, истрагата за најголемата трагедија во Македонија станува срамна и недозволива фарса. Како е можно после 30 дена од трагедијата да се …

Continue Reading

ДУИ: Незаконските притвори за трагедијата во Кочани се срам за правосудниот систем

Незаконските притвори за трагедијата во Кочани се срам за правосудниот систем и уште еден доказ за селективната правда која станува алатка на политичка пресметка, велат од ДУИ. „Станува збор за лица кои, според сите стручни и академски мислења, немаат никаква врска со трагедијата, но сепак се држат во притвор – додека вистинските одговорни, заштитени од владејачката структура, остануваат недопирливи. Со …

Continue Reading