ДОМ: По олеснувањата за дата-центрите, Владата предлага и неискусни да заверуваат проекти
Во јуни годинава, Владата ги протурка законските измени со кои дата-центрите (Г4.7) беа класифицирани како градби од прва категорија, со што надлежноста за нивно одобрување се префрли на централно ниво. Истовремено, со измените на Законот за урбанистичко планирање значително се скратија роковите за нивно урбанистичко планирање: јавната презентација е ограничена на најмногу 10 дена, а јавниот повик може да биде …
Continue Reading
СДСМ: Мицкоски да каже која банка ќе ја преземе „Алта банка“
Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана. Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до својот новац за храна, пензионерите за лекови …
Continue Reading
ДУИ: Законот за употреба на јазиците не е предмет на политичко пазарење, никој нема право да го прогласува албанскиот јазик за неважечки во институциите
Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции на Северна Македонија, реагираат од ДУИ. Од партијата оценуваат дека сè почесто, раководителите на институциите ја преземаат улогата на судии, бескрупулозно прекршувајќи го законот и одлучувајќи според сопствената волја дали албанскиот јазик треба да се користи во службената комуникација. „Последната пријава за вакво постапување доаѓа од …
Continue Reading
СДСМ најавува кривични пријави: „Обвинителството веднаш да постапи за Алта банка“
СДСМ побара од Јавното обвинителство и јавниот обвинител Ненад Савески веднаш да ги испитаат околностите за влезот на „Алта банка“ во Македонија, најавувајќи кривични пријави доколку не биде преземена постапка. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција изнесе тврдења дека во Србија на банката ѝ е одземена дозволата, отворена е стечајна постапка, а нејзиниот сопственик Давор Мацура е уапсен …
Continue Reading
Левица: ДПМНЕ го врати феудализмот – работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15
„Додека Мицкоски секојдневно ја убедува јавноста дека Македонија доживува економска преродба, во државното претпријатие „Национални шуми“ работничките права се враќаат во феудализмот! Наместо паричен регрес за годишен одмор, од работниците се бара да прифатат огревно дрво“, велат од партијата Левица. „До Левица пристигнуваат сведоштва и документи кои го разголуваат односот на оваа вмровска власт кон трудот. Со однапред подготвена изјава, …
Continue Reading
„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски“, прашува СДСМ
„Во Србија има стечај за Алта банка, уапсен е сопственикот Мацура, има истрага, сомнителен капитал, сомнежи за 380 милиони евра. Во банката на Мацура во Србија се покажа дека парите реално и физички никогаш не биле во трезорот на банката, туку постоеле само како фиктивно заведени бројки во сметководството. Прашањето е дали во трезорот и документите на Алта банка Битола …
Continue Reading
„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, порача СДСМ
„Трајко Славески призна дека Мицкоски вршел притисок за дозволата на Aлта банка. Сега има уште многу малку време да го пријави. Обвинителот Савески работи на повик. По наредби од собраниската говорница, по барања упатени од телевизија. Не работи самостојно. Чека повик од Мицкоски“, велат од СДСМ. „Ако сега Славески не го направи тоа, потоа ќе биде касно. Во Европа имаше …
Continue Reading
СДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофатa во правосудството
Филков од ЗНАМ вели дека ЕК го потврдила сработеното. За две години ги поставиле темелите за реформа на правосудството, велат од СДСМ. „Македонија доби катастрофален Извештај од ЕК. Нула напредок во борбата против корупцијата. Нула во слободата на изразување. Нула во јавните набавки. Судството и медиумите под политичка опсада. Корупцијата на високо ниво останува широко распространета и сериозна причина за загриженост. Предметите …
Continue Reading
Единствена Македонија: Михаилова потврди дека се чувствува како Бугарка, иницијатива за одземање на државјанството
Синоќешното гостување на бегалката Ива Михаилова на бугарски медиум, во кое таа изнесе тешки обвинувања против Македонија како и истакнување дека фактот што е родена во Македонија не ја прави Македонка, дека во срцето и душата се чувствува како Бугарка и дека, како што тврди, некој сака да ѝ го одземе бугарскиот идентитет, повторно ја отвори темата за иницијативата на …
Continue Reading