СДСМ повика да се усвои законот за финансиска поддршка на земјоделците: „Нема откуп, родот скапува“

СДСМ обвинува дека земјоделците се соочуваат со сериозна криза поради проблемите со откупот и ниските цени и бара да биде усвоен предлог-законот на партијата за финансиска поддршка на земјоделците. Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветаноски, зјави дека земјоделците работат и вложуваат во производството, но на крајот, не можат ниту да ги покријат трошоците.  „Арамијата Мицкоски ги турна …

Continue Reading

(Видео) Левица Аеродром до Митески: Децата не се бројка!

„Во градинките во Аеродром децата се трупаат во преполни групи, без да се води сметка за квалитетот на негата. Родителите ги носат своите деца во градинка за да бидат згрижени бидејќи имаат потреба од тоа, а не поради престиж. Тие бараат безбедни, нормални и достоинствени услови за нивните деца“, велат од Левица Аеродром. „Општината има обврска да обезбеди услови за …

Continue Reading

Од ветувања за најниски цени на горивата во регионот, до 104,50 денари за дизел – Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините

Дизелот чини 104,50 денари за литар, откако РКЕ повторно ја зголеми максималната малопродажна цена – за цели 5,50 денари во само една недела. На 11 август дизелот чинеше 91,50 денари, што значи дека за нешто повеќе од еден месец поскапе за 13 денари. Дизелот е основен трошок за транспортот, земјоделството, градежништвото, дистрибуцијата и производството. Кога камионот плаќа поскапо гориво, поскапува …

Continue Reading

ЛДП: Детските приказни и Американскиот сон

„Детските приказни имаат едно правило: на крајот, херојот секогаш победува. Во политичките приказни на „Шефот на Елитата“ изгледа доволно е само да „остварите средба“, да се поздравите и веднаш од тоа да направите историски дипломатски успех. Но, граѓаните заслужуваат факти, а не политички трејлери од Њујорк“, велат од ЛДП. „Затоа, сакаме јавно да ги демаскираме изјавите кои го отсликуваат вистинското …

Continue Reading

Арамијата Мицкоски е цела недела на екскурзија во САД со 50 луѓе а немаше ниту една официјална средба и нема никаков резултат, велат од СДСМ

Арамијата Мицкоски е цела недела на екскурзија во САД со 50 луѓе а немаше ниту една официјална средба и нема никаков резултат, велат од СДСМ. Според опозициската партија, Мицкоски, како што оценуваат, неформален разговор во ходник го прикажува како средба а како најголем „успех“ го претставува 5 милиони долари за антимон. „Народот не го прашува, сам одлучува. Поведе делегација од …

Continue Reading

„Денес пред нас е уште еден тест на политичкиот плурализам“: Уставниот суд повторно одлучува по иницијативите на Левица

„Денес во 9:30 часот Уставниот суд повторно ќе расправа и ќе одлучува по иницијативите на Левица за уставноста на одредбите од Изборниот законик со кои партијата беше исклучена од платеното политичко рекламирање. На јулската седница Судот не обезбеди мнозинство за одлука и предметот остана отворен. Оттогаш поминаа повеќе од два месеци – доволно време спорниот случај повторно да се разгледа, …

Continue Reading

Политички препукувања околу тендер – СДСМ обвинува, Божиновска бара извинување

Набавката на електрични броила вредна околу 13,2 милиони евра стана тема на политички препукувања, откако опозицискиот СДСМ изнесе обвинувања за можни деловни и политички поврзувања околу компанијата избрана во постапката, а министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ги отфрли наводите и најави правни чекори доколку партијата не ги повлече. Според јавно објавените податоци, компанијата „METER&CONTROL“ од Србија …

Continue Reading

Филипче: Мицкоски директно го загрозува националниот идентитет со изолацијата на Македонија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека Христијан Мицкоски директно го загрозува националниот идентитет со изолационистичката политика на Владата, укажувајќи дека таквата политика ги загрозува и највисоките национални интереси на државата. „Христијан Мицковски вели ги штител националните интереси и идентитетот. Така му е изјавата. Ќе ја цитирам претседателката Сиљановска Давкова: „Преспанскиот договор го потврдува македонскиот идентитет“. Е што штити Христијан …

Continue Reading

Земјоделецот го фрлија на пазарот, а откупувачите ги ставија под државен чадор, велат од Левица

ДПМНЕ може уште сто пати хистерично да го прогласува македонското земјоделство за препородено и успешна приказна, но покрај фактите на терен, секојдвневните сведоштва и бројките од државната статистика се брутални, велат од Левица. Како што наведуваат, во првиот квартал од 2026 година вредноста на откупот од индивидуалните земјоделски производители се урнала за над 46,2%, а во вториот квартал е уште …

Continue Reading