(Видео) СДСМ го повика Обвинителството да отвори истрага за 5,5 милиони евра за прославата

СДСМ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за трошењето 5,5 милиони евра за прославата на Денот на независноста и да утврди како биле носени одлуките и како биле трошени парите преку Државната лотарија. На денешната прес-конференција, Кети Штерјова од СДСМ рече дека Владата ги крие одлуките, договорите, анексите, фактурите и исплатите поврзани со прославата. „Сега Јавното обвинителство мора веднаш да …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

Поминаа 18 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени. Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста. Заробеното судство кое е под целосна контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда. Ова го истакна Богданка Кузеска – портпаролка и …

Continue Reading

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари

Во моменти кога цената на нафтените деривати ја надминува границата од 100 денари за литар, а македонските градови рушат светски рекорди по загаденост на воздухот, државата продолжува системски да ги штити нафтените лобија и да ја кочи вистинската транзиција кон електрична мобилност, велат од ДОМ. „Сведоци сме на врвно лицемерие: државата без проблем им дозволува на големите приватни корпорации да …

Continue Reading

Штета за албанската кауза, министерот за правда од „Вреди“ ја изедначи жртвата со агресорот, велат од ДУИ

Според ДУИ, скандалозната изјава на министерот за правда од редовите на „Вреди“ има нанесено сериозна штета врз историската вистина и албанската кауза. Изедначувањето на жртвите на режимот на Милошевиќ со агресорите, додаваат од ДУИ, директно ја засега жртвата на цел еден народ и неговата борба за слобода. „Соопштенијата на ВРЕДИ не можат да го прикријат овој став. Кога една политичка …

Continue Reading

ЛДП: За самонаречената елита важат законите, брзата правда, за обичните граѓани остануваат само отворените закани и несигурноста

Кога неговата светост, самопрогласен шеф на новата елита, ќе добие закана на социјалните мрежи, Министерството за внатрешни работи реагира со брзина на светлината: сторителот од кумановско Черкези е веднаш идентификуван, Јавното обвинителство експресно процесуира, а целата државна апаратура се става во функција на негова заштита. Но, кога претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, и други истакнати јавни личности и граѓани со …

Continue Reading

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, оценува Левица

Додека работниците секојдневно се соочуваат со деградирачки услови за работа, ниски плати и системска негрижа за нивната безбедност, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, подготвува нов удар врз нивните права, истакнуваат од Левица. Наместо, акко што велат, да обезбеди здравствена сигурност и навремена исплата на надоместоците, Фондот најавува скратување на боледувањето од матичен лекар и дополнителни контроли врз …

Continue Reading

Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки, велат од СДСМ

Цените растат, платите не ги следат поскапувањата, а семејствата секој месец живеат сè потешко. Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки, реагираат од СДСМ. „Во услови кога горивата надминаа 100 денари за литар, а цените на храната секојдневно растат, Владата на арамијата Мицкоски донесе задоцнети, половични мерки без никаков ефект врз семејните буџети“. …

Continue Reading

Случајот со бремената пациентка, аларм за катастрофалните состојби во охридската болница, Клековски да го разреши директорот Маркоски, бара Левица

Случајот со бремената пациентка кој ја разбранува јавноста е уште еден аларм за катастрофалните состојби во охридската болница, велат од Левица. До Левица, како што информираат од оваа партија, пристигнуваат и други сведоштва за голготата на пациентите, особено на гинеколошкото одделение, што отвора, како што велат, сериозни прашања за способноста на директорот Горан Маркоски да ја менаџира болницата во Охрид. …

Continue Reading

„Вреди“: Се решава проблемот со просторните капацитети на УМТ, новиот кампус од 42 милиони евра носи трајно решение

Преземени се конкретни чекори за решавање на потребата од дополнителни просторни капацитети на Универзитетот „Мајка Тереза“, во услови кога бројот на студенти на универзитетот е во пораст, велат од „Вреди“. Во рамки на овие активности, како што информираат од партијата, првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, заедно со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Беким Фетаји, ја разгледаа можноста …

Continue Reading