(Видео) Ископување антимон е опасно, бараме референдум, велат од СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија побара граѓаните на референдум да се изјаснат дали сакаат во нивното место на живеење да има рудници. Кети Штерјова од СДСМ денес изнесе низа обвинувања за распродавање на националните богатства. „Мицкоски ја распродава Македонија. Земјата, водата, рудата, природните ресурси, националните богатства ги нуди на компании. Одлучил Мицкоски сам, народот никој не го прашува. Прво, за дата-центрите …

Continue Reading

(Видео) Над еден милион евра за анкети и владина пропаганда, Левица обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ со народни пари си го мери рејтингот

Левица реагира на новото расипничко трошење на народни пари од страна на Владата на ДПМНЕ за сопствена политичка промоција и мерење на рејтингот. На 1 септември годинава Владата склучила договор вреден 21,2 милиони денари за видео продукција, фотографија и комуникациска кампања за владините проекти. Договорот повторно го добива „Фрајдеј комуникации“, компанија чиј сопственик, според јавно објавените податоци, е МК МЕДИЈА …

Continue Reading

Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница

Вечерва во Тетово се одржува средба меѓу претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, како и раководните тимови на двете партии. Во центарот на средбата, како што соопшти ДУИ, е координацијата на заедничките активности и ангажмани за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. „Двајцата претседатели разговараат за организирањето …

Continue Reading

Зајкова од Софија: Ако навистина ја сакате Македонија во ЕУ, покажете го тоа со дела – испорачајте мерлива поддршка

„Љубовта се покажува со дела. Ако навистина сакате да ја видите Македонија во Европската Унија, се надевам дека тоа ќе го покажеме така што заедно ќе чекориме напред – со поддршка“, порача претседателката на ЛДП и пратеничка Моника Зајкова во Софија, непосредно пред своето обраќање, реагирајќи на излагањето на европратеникот Андреј Ковачев кој рече дека Бугарија гледа на Македонија со …

Continue Reading

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека намалувањето на воената помош од САД е сериозна порака за нарушената доверба во власта и нејзините политики, посочувајќи дека стратешкото партнерство со САД се градеше со децении. „Нашиот стратешки партнер очигледно е дека знае каква власт се тие и упати јасна порака, за жал, пред некој ден со тоа што за прв пат …

Continue Reading

(Видео) Левица: Владата должи целосна отчетност за 5,5 милионите евра потрошени за прославата на независноста – грандиозноста на прославата беше во коруптивните зделки

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, побара целосна транспарентност за начинот на кој се потрошени 5,5 милиони евра за одбележувањето на 35-годишнината од независноста, откако Владата соопшти дека прославата чинела околу 340 милиони денари. Од Владата беше соопштено дека најголемиот дел од средствата, 300 милиони денари, биле обезбедени преку нераспределената добивка на Државна лотарија од 2024 година, додека остатокот бил обезбеден …

Continue Reading

Филипче: Дата-центрите ќе ја трошат водата и струјата, а нема да создадат работни места

Дата-центрите што испод радарот ги договара власта заради нивни лични бизнис интереси, ќе трошат огромни количества вода и електрична енергија, а притоа нема да создадат речиси никакви работни места, предупреди претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. „Ние не сме против технолошкиот напредок на државата, туку сме против приватните бизнис-интереси на оваа власт и на премиерот Христијан Мицкоски да се остваруваат …

Continue Reading

(Видео) „Мицкоски нема право да ги распродава земјата, рудите и водата, Македонија не е на продажба“, порача Филипче

Македонија не е на продажба, а земјата, рудите и водата не се приватна сопственост на Христијан Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Мицкоски најавува распродавање на земјата и ги нуди рудните богатства на странски инвеститори. Јасно и гласно му порачувам: не смее да ги распродава националните богатства. За отворање рудници прво мора да бидат прашани …

Continue Reading

„Во уште четири села е забранета водата за пиење – Мицкоски и Клековски ја отруја земјата“, велат од СДСМ

„Агенцијата за храна и ветеринарство ја забрани водата за пиење во селата Рич, Попчево, Белотино, Вељуса во Струмичко. Нема резидуален хлор, има бактерии – индикатори за фекално загадување. Водата не е за пиење, не е за готвење. Ова веќе не е инцидент. Ова е реалната слика во државата“, велат од СДСМ. „Повеќе од 50 места во државата се без безбедна …

Continue Reading