Исмаил до Николоски: Ќе даде ли министерството согласност за спорниот ДУП на Водно?

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, во Фејсбук објава извести дека доставил пратеничко прашање до министерот за транспорт Александар Николоски за постапувањето на Министерството во однос на Нацрт-ДУП-от за Градска четврт Ј 05 – Барутана во Општина Центар. Од министерот се бара одговор каква документација досега пристигнала во Министерството, дали е вршен надзор над законитоста на постапката и врз кои стручни …

Continue Reading

(Видео) „Нов дебакл, странски инвестиции од само 18 милиони евра – со Мицкоски тонеме“, кажа Цветаноски

„Секој ден нов економски дебакл на Мицкоски. Македонија буквално тоне на секое поле. Податоците на Народната банка за вториот квартал од годинава покажуваат само 18,7 милиони евра странски директни инвестиции. Ова е втор најлош економски резултат години и години наназад. И двата се на арамијата Мицкоски, историски најлоши“, рече Симона Цветаноски – членка на ИО на СДСМ. „Само 18 милиони …

Continue Reading

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства “патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

„Вчерашната пресуда во Хаг против поранешниот врв на ОВК повторно ја актуализира биографијата на ДПМНЕ. Додека Специјализираните совети утврдија кривична одговорност на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи за воени злосторства, односно произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиства, во Македонија токму владејачкото мнозинство на ДПМНЕ и ДУИ во 2011 година го употреби Собранието за …

Continue Reading

ЛДП: Правдата е индивидуална, ниту еден народ не е злосторнички – да престане релативизација на воените злосторства

„По повод последните реакции и изјави на високи државни и политички функционери во врска со најновите пресудите за воени злосторства на просторот на поранешна Југославија, Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува на еден од најважните темели на современото право: кривичната одговорност е исклучиво поединечна. Секој обид судските одлуки да се претстават како напад врз цел еден народ претставува директно бегање од личната …

Continue Reading

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање, за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Осумнаесет македонски кик-боксери и тројца тренери заминуваат за Лидо ди Јесоло, Италија, каде Македонија ќе настапи на Светското WAKO првенство за деца, кадети и јуниори. Станува збор за најбројната македонска јуниорска кик-бокс репрезентација што досега настапила на официјално Светско првенство. Но, наместо државата да обезбеди услови младите репрезентативци да се концентрираат на спортот, Кикбокс маитаи федерацијата соопшти дека настапот мора …

Continue Reading

ЛДП бара итно решение: 12 денари за килограм индустриско јаболко е минимумот за опстанокот на производителите

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно решение за производителите на јаболко, кои се соочуваат со исклучително тешка состојба на терен. Во овој момент на производителите, велат од партијата, им се нуди откупна цена од само 4 денари за килограм индустриско јаболко, плус 2 денари субвенција. Тоа, оценуваат во ЛДП, е далеку под производствената цена, која е околу 10 денари за килограм. …

Continue Reading

Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар, вака Ѓорѓиевски го води Скопје, велат од СДСМ

Пливачките клубови во Скопје повторно немаат каде да работат. Јавните базени се затвораат, се отвораат за камера и повторно се празнат. Децата и спортот чекаат термини што ги нема, истакнуваат од СДСМ. Град со повеќе од половина милион жители функционира, додаваат од оваа партија, како пливањето да е луксуз, а не јавна услуга. „Мицкоски сечеше ленти. Базенот во Кисела Вода …

Continue Reading

Не може двојни аршини, Гаши извршува државна функција: за СДСМ реакциите на претседателот на Собранието по пресудата за Хашим Тачи се крајно несоодветни

Специјализираните совети во Хаг донесоа првостепена пресуда. Хашим Тачи и уште тројца се прогласени за виновни за воени злосторства. Има жалба. Процесот не е готов. Принципот е тој. Повикуваме сите да ја почитуваат одлуката на судот и да избегнат поттикнување тензии или поделби, истакнуваат од СДСМ. Од опозициската партија се децидни дека одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат. …

Continue Reading

Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот, прашуваат од Левица

Весна Јаневска повторно лаже и повторно сама себе се побива. Денеска прогласи дека за приемот во студентските домови се ширеле лажни вести и дека постапката била регуларна. Проблемот е што нејзината изјава не ја побиваат опозицијата, студентите или нечии толкувања, туку Правилникот што самата Јаневска го донела и потпишала пред два месеци, истакнуваат од Левица. Од оваа партија посочуваат дека, …

Continue Reading