На денешната надзорна расправа за „АЛТА банка“, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, отвори ново прашање за можната вмешаност на Владата во насочувањето јавни средства кон банката.
Крмов побара Мицкоски да одговори на информациите дека Владата препорачувала општини, државни институции и јавни претпријатија да депонираат средства во „АЛТА банка“.
Колку јавни пари се изложени на ризик, кои институции располагаат со средства во банката и кој ќе ја понесе одговорноста доколку дојде до нејзин стечај, праша Крмов.
Истовремено, Крмов го обвини Мицкоски дека избегал од прашањето, односно наместо одговори за консултациите со гувернерот пред влезот на „АЛТА банка“, тој понуди политички говор и ја заменил суштината на прашањето со тврдење дека бил само “известен“.