Проблемот на Државниот архив останува – ДПМНЕ си ги мие рацете со реконструкција на покривот, велат од Левица

Според партијата Левица, Владата на ДПМНЕ наместо да го реши проблемот со Државниот архив на Македонија и да го врати во старата наменска зграда за Архив, како што бараат вработените и стручната јавност, повторно ќе фрла пари за санација на нефункционален простор. Од таму велат дека владата на Мицкоски одобрила реконструкција на покривот на Археолошки музеј кој е сместен на …

Continue Reading

За законот за градежно земјиште мора јавна дебата, а не да се носи по скратена постапка, бара Левицата

По однос на спорните Предлог-измени на Законот за градежно земјиште, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на последната седница на Собранието побара оваа точка, односно предлог да биде повлечен од дневен ред и да се организира јавна дебата со експертската јавност. Владејачкото мнозинство го одби предлогот на пратеникот и ја изгласа потребата за носење на измените по скратена постапка: -Јас барам …

Continue Reading

Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истрагата, прашува СДСМ

Речиси четири недели по огромната трагедија во Кочани, истрагата сè уште нема одговори на едни од најважните прашања: кој сноси одговорност за пожарот во „Пулс“ и кој е виновен за сериозните безбедносни пропусти на денот на трагедијата, прашуваат од СДСМ. Иако беше најавено, како што велат, до денеска не е направен ниту еден чекор во насока на проширување на истрагата, …

Continue Reading

ДУИ го осуди именувањето на Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови: Ова е провокација

„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови – институција што има за цел да ги приближува младите кон европските вредности, а не да ги навредува и понижува“, велат од ДУИ. „Именувањето на човек кој целата своја јавна и политичка кариера ја изгради со навреди …

Continue Reading

(Видео) Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ?

Пратеникот и портпарол на партијата Левица, Амар Мециновиќ, во контекст на актуелната собраниска процедура за именување нов Програмски совет на МРТ отвори низа прашања поврзани со легитимноста и транспарентноста во работењето на јавниот сервис, на прес-конференција пред зградата на Македонската радио телевизија (МРТ). Мециновиќ потсети дека МРТ е една од најважните институции во државата, со историска улога во креирањето и …

Continue Reading

(Видео) Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ?

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во контекст на актуелната собраниска процедура за именување нов Програмски совет на МРТ отвори низа прашања поврзани со легитимноста и транспарентноста во работењето на јавниот сервис, на прес-конференција пред зградата на Македонската радио телевизија (МРТ). Мециновиќ потсети дека МРТ е една од најважните институции во државата, со историска улога во креирањето и зачувувањето …

Continue Reading

Зошто не е проширена истрагата за Кочани, прашуваат од СДСМ

И покрај тоа што поминаа речиси четири недели од трагедијата во Кочани, јавноста сè уште нема добиено одговори на клучните прашања: кој е одговорен за пожарот што се случи во „Пулс“ и кој е одговорен за серијата безбедносни пропусти, велат од СДСМ. Сè уште, како што додаваат, нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ, ниту пак …

Continue Reading

„​​​​​​​Баџанакот на Мицкоски со бугарска фирма е и донатор на ДПМНЕ“, велат од партијата Левица

„Молкот за контроверзните бугарски фирми на баџанакот на Мицкоски – Јорданчо Јанев, добива нова димензија кога ќе се погледнат донациите на владејачката партија. Имено, токму баџанакот на Мицкоски се јавува како донатор на ДПМНЕ со сума од 20.000 евра (во 2019 и во 2021 година). За баџанакот на премиерот медиумите веќе објавија дека поседува и бугарско државјанство од 2017 година, …

Continue Reading

„Трошки за работниците наместо вистинско зголемување на платите, Владата ги извиси граѓаните“, велат од СДСМ

„Наместо вистинско и реално зголемување на платите, владата ги извиси работниците. Власта им фрла трошки на работниците со покачување од срамни 1.800 денари наместо зголемување на минималната плата на 500 евра како што бараат и заслужуваат“, соопшти СДСМ. „Додека граѓаните се борат со сметки и мизерни плати, тие продолжуваат да штитат интереси на богатите, оставајќи ги работниците на работ на …

Continue Reading