ДУИ: Прес-конференцијата на Тошковски и Коцевски – најголемата карикатура на заробената држава
„Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува најголемата карикатура на заробената држава“, велат од ДУИ. „Наместо вистинска правда за трагедијата во Кочани, пред јавноста се демонстрира трговија со влијание – еден вид трансакциска заштита меѓу главниот виновник, министерот Тошковски, и обвинител кој се наоѓа под политички притисок, со функција што зависи од волјата …
Continue Reading
СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ
Проширувањето на истрагата за страшната трагедија во Кочани се уште е фокусирана само на минатото а никако на моментите кога се случил кривично-правниот настан ниту на актуелни полициски функционери, регира СДСМ по денешната прес-конференција за истрагата. „Истрагата се уште нема одговор на клучните прашања: -Кој е одговорен за пожарот поради кој згасна 61 живот а околу 200 млади луѓе беа …
Continue Reading
ДУИ повика на темелна истрага за Кочани – апсењата, според нив, предизвикуваат меѓуетнички тензии
Демократската унија за интеграција (ДУИ) по трагичниот пожар во Кочани, во кој животот го загубија 60 млади лица, ја нагласува итната потреба за одговорност и обезбедување почитување на сите стандарди за да се спречат вакви трагедии во иднина. За жал, по оваа катастрофа, велат Ингегративците, граѓаните се сведоци на загрижувачко однесување од актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Мицкоски. …
Continue Reading
Именувањето на Петар Богојески е скандалозно и неприфатливо, вели Костова
Скандалозно и неприфатливо е именувањето на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, тој има детално документирана историја на навредливо и дискриминаторско однесување и говор на омраза на јавни платформи, наведува потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова. -Неговите коментари се деградирачки, сексистички, дискриминаторски, албанофобни, расистички изрази, што е целосно неприфатливо за носител на каква било …
Continue Reading
Тошковски ги иззема од истрага кадрите на ДПМНЕ за трагедијата во Кочани– селективна одговорност е неодговорност, велат од Левица
Од партијата Левица како што велат најостро реагираат на очигледната селективност и политичка мотивираност во водењето на предистрагата и истрагата за трагичниот настан во Кочани, кој однесе млади животи и остави длабоки траги во целата јавност. Според Левица, и покрај јасните индиции за сериозни пропусти и свесно непостапување од страна на лица со оперативна надлежност – особено во рамки на …
Continue Reading
(Видео) Мециновиќ: Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ претендираат за трет мандат спротивно на Законот
„Во член 118 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се вели следното: мандатот на членовите на Програмскиот совет на МРТ е пет години, со право на уште еден мандат. Ова би им бил трет мандат на овие луѓе, што е директно спротивно на Законот и, автоматски, би требало да значи нивна дисквалификација. Ова, особено, важи за кандидат кој …
Continue Reading
ДУИ: Горчлива иронија е фотографијата од Коцевски и Тошковски кои потпишуваат меморандум за борба против корупцијата
Вчерашната фотографија на Јавниот обвинител Коцевски и министерот за внатрешни работи Тошковски, како потпишуваат меморандум за соработка во борбата против корупцијата, беше горчлива иронија за правдата и симбол на заробена држава, велат од ДУИ. Интегративците во соопштението наведуваат дека наместо тоа ракување, таа сцена требаше да биде истражна постапка во која министерот за внатрешни работи дава отчет за неговата улога …
Continue Reading
Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност
Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало и за меланом и карцином на бели дробови. Ана Марјановиќ од Здружението Хема – Онко рече дека причината зошто болните се оставени без терапија се должи на доцнењето со тендерските процедури за годишната набавка и административните кочења. Од Клиниката, пак, …
Continue Reading
СДСМ: Очајни лаги на ДПМНЕ за Филипче, и ДКСК ги демантираше нивните невистини
ДПМНЕ продолжува со старата матрица на лаги, дезинформации и неосновани напади врз претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Ништо од кажаното за набавката на вакцините не е точно, ДПМНЕ врти стари лаги во ново пакување. Јаловите напади, очајните лаги и невистини за Филипче, го одразува стравот на ДПМНЕ од неговото лидерството, …
Continue Reading