(Видео) Цветаноски: 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштија

Последните статистики на синдикатот покажуваат дека секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Значи 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата, изјави Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Таа додаде дека потрошувачката кошничка е над …

Continue Reading

Мојсоска во Кина на средба со поранешна пратеничка која е противник на Преспанскиот договор и на геноцидот во Газа

Во рамки на официјалната посета на Народна Република Кина, пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, оствари средба со поранешната пратеничка од Die Linke, Севим Дагделен, позната по својата бескомпромисна критика на НАТО, подреденоста на ЕУ под интересите на САД и милитаризацијата на меѓународните односи, соопштија од партијата Левица. „Дагделен во 2018 година во германскиот Бундестаг гласаше против ратификацијата на протоколот за …

Continue Reading

„Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово“, велат од СДСМ

„Во времето на Груевски јавниот превоз се решаваше со лажни англиски автобуси од Кина. Денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по налог на арамијата Мицкоски, повторно оди по истиот пат – Орбанови автобуси. Истата банда, истата логика. Јавниот превоз се третира како тендер, не како основна услуга за граѓаните“, велат од СДСМ. „Градоначалникот работи како билборд. Коњ со пет нозе. Дрон за …

Continue Reading

Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?

„Владата да престане со евтиниот ПР-театар и конечно да одговори на суштинското прашање на народот: чии функционери спасувавте со измените на Кривичниот законик и кому му требаше ова доцнење за делата за висока корупција конечно да застарат? Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека во септември 2023 година беа намалени казните, а со тоа скратени и роковите за застареност, што овозможи низа …

Continue Reading

„Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува“, велат од СДСМ

„Додека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството. Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин. Власта ги намалува парите за здравјето на …

Continue Reading

(Видео) Левица: Аеродром заслужува чиста општина, а не чиста пропаганда

„Додека ПР тимот на ДПМНЕ објавува фотографии и приказни за чист и уреден Аеродром, реалноста на терен е сосема поинаква. Дивата депонија кај последна 5-ка ја руши сликата која градоначалникот Митески се обидува да ѝ ја наметне на јавноста“, велат од Левица Аеродром. „Дополнително загрижува фактот што во буџетот на Општина Аеродром за 2026 година нема предвидено средства за чистење …

Continue Reading

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е многу, многу постабилна, а секое трето дете живее во сиромаштија

Владата на Мицкоски се фали со економска стабилност и раст на БДП од над 3,5%, со раст на извозот од 11,5% и увозот од 8,5%. Но, додека Владата зборува за проценти, 22% од граѓаните живеат под прагот на сиромаштија, а речиси секое трето дете живее во сиромаштија. Дури 38% од децата живеат во услови ризични за нивното здравје, учење, безбедност …

Continue Reading

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај

Предлогот на Министерот за правда е скандалозен. Наместо да бара доследна примена на законот и почитување на Уставот, тој им порачува на студентите: „Ајде да се договориме да го прекршиме Законот за употреба на јазиците, да го прекршиме Уставот и испитот да го полагаме малку на албански, а малку на македонски јазик.“, реагираат од ДУИ. Според партијата, овој став е …

Continue Reading

Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници, отвора простор за политички притисок врз собраниската служба

СДСМ нема да го поддржи предложениот Закон за административни службеници, бидејќи, и покрај најавите за независност на собраниската служба, содржи механизми што можат да се користат за притисок врз вработените, истакна пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во своето обраќање во Собранието. Тој посочи дека независноста на собраниската служба не е новина, како што се претставува од страна на власта, потсетувајќи …

Continue Reading