(Видео) Серафимовска Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

„Секој нов месец има нови поскапувања. Од наредната година се најавуваат и нови покачувања на струјата и парното. Во Европа се предупредува на нов удар поради раст на трошоците за енергија. Многу земји веќе преземаат мерки, само Владата на Мицкоски не прави ништо“, изјави Маја Серафимовска Борозан на денешната прес-конференција на СДСМ. Таа обвини дека Владата цела година ги оставила …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски зборува за европска иднина, а Македонија не се споменува во пораките на Марта Кос

Од СДСМ упатија критики до премиерот Христијан Мицкоски по неговото обраќање по повод 23 Октомври, обвинувајќи го дека наместо да ги спроведе потребните реформи и да го забрза евроинтеграцискиот процес, се занимава со прашања од минатото. Од партијата посочија дека еврокомесарката за проширување Марта Кос во своите последни пораки за земјите од Западен Балкан не ја споменала Македонија, што, според …

Continue Reading

(Видео) Битиќи: Единствената стабилна работа во економската политика на Владата е нестабилноста на нејзините буџетски планови

Единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови, оцени пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, посветена на вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Тој предупреди дека Владата за неполни десет месеци понуди три различни буџетски конструкции, додека дефицитот останува значително повисок од првично планираниот, …

Continue Reading

Левица на средба со кубанската амбасадорка: Македонија да гласа за укинување на американската блокада врз Куба

Пратениците од Левица Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев остварија средба со Н.Е. амбасадорката на Република Куба, Мариета Гарсија Хордан, во пресрет на традиционалната дебата во Генералното собрание на Обединетите нации за укинување на едностраната американска економска блокада врз Куба, која ќе се одржи на 27 октомври. На средбата беше разговарано за повеќедецениските последици од американската блокада врз кубанскиот народ, при …

Continue Reading

(Видео) Тренчевска: Од Нова година следува нов ценовен удар

Се најавува нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети со повисоки сметки за струја и парно од Нова година, изјави Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. „МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, се споменува и новото поскапување на парното, трето по ред годинава. Трошоците за живот од јануари до сега се зголемени …

Continue Reading

„Во ек на грејна сезона МЕПСО бара речиси двојна тарифа – Регулаторната комисија за енергетика да престане да ги остава граѓаните на цедило“, бараат од Левица

„За промена, бараме РКЕ да биде регулатор, а не сервис за енергетските монополи. МЕПСО бара тарифата за пренос на електрична енергија да се зголеми за речиси 100%! Во исто време, за 2027 година бара регулиран приход од околу 3 милијарди денари, наспроти речиси 2 милијарди денари одобрени за 2026 година, иако во пресметките има ПОМАЛА количина електрична енергија што ќе …

Continue Reading

„Со Мицкоски минималната плата не стигнува ниту за храна, 33% од работниците живеат во сиромаштија“, велат од СДСМ

„Минималната плата не ги покрива ниту основните месечни потреби за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство. Само за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари“, велат од СДСМ. „Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 …

Continue Reading

„Разговори за иднината во 12:05“: Филипче уште еднаш го жртвува другарот Јовица Радески

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на секта во која клучниот предуслов за припадност е геслото – сите други се виновни за поразите, само Венко Филипче не носи одговорност за ништо, велат организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ како реакција на прес – конференцијата на кандидатот за градоначалник од СДСМ на Општина Брвеница, Јовица Радески. „Филипче уште еднаш го …

Continue Reading

(Видео) Радески: Резулатот од изборите покажува дека се намалува поддршката на власта

Резулатот од изборите покажува дека на власта и се намалува поддршката, а се зголемува поддршката на опозицијата и тоа е тренд, изјави Јовица Радески, кандидат за градоначалник на Општина Брвеница од СДСМ. „Во споредба со минатите избори за градоначалник ВМРО има пад од над 13 проценти а СДСМ има раст од 46 проценти. Кога ќе се додадат гласовите на ЗНАМ …

Continue Reading