(Видео) Мојсоска: Божиновска е на добар пат Македонија да ја претвори во рударска колонија на странскиот капитал
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во контрареплика во Собранието порача дека министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска навистина е „на добар пат“, но на пат да ја претвори Македонија во рударска колонија на странскиот капитал. Мојсоска посочи дека на 8 април 2026 година министерката Божиновска присуствувала на потпишувањето на меморандум за истражување на критични минерали помеѓу американската …
Continue Reading
(Видео) Битиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ja обвини власта дека не сака да го искористи енергетскиот потенцијал на државата, додека домашните производители се соочуваат со откуп на струја по нула евра, а стратешките проекти „Чебрен“ и „Галиште“ остануваат без затворена финансиска конструкција. На собраниската седница на која се расправа за интерпелацијата за министерката за енергетика Сања Божиновска, Битиќи отвори прашања за …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски
Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес – конференција. Филипче посочи дека промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот. Тој посочи дека падот на Виктор Орбан во Унгарија и политичките промени во Србија се …
Continue Reading
„Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните“, велат од СДСМ
„Со новиот ребаланс арамијата Мицкоски повторно ги отпиша работниците, земјоделците, граѓаните. Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на стандардот, нема помош за земјоделците. Има нови долгови и високи камати што ќе ги плаќаат граѓаните и идните генерации“, велат од СДСМ. „За 2 години Мицкоски натовари нови 4 милијарди евра долг врз грбот на народот, …
Continue Reading
ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!
„Најостро реагираме на новиот бран поскапувања на горивата кои се очекуваат уште вечерва, додека власта комотно набљудува како се уништува економијата и се празнат џебовите на граѓаните и бизнисите. Цените на горивата растат поради војната во Блискиот Исток во која Македонија воопшто не учествува, но оваа влада за разлика од сите европски земји не сака да каже дека војувањето води …
Continue Reading
„Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, порача Филипче
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија за, како што кажа, големата, историска победа! „Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен. Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка. На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè …
Continue Reading
Зајкова и ЛДП: Граѓаните на Србија покажаа дека нема поголема сила од демократската одлучност
Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува „историската победа на демократијата и волјата на српскиот народ, кој преку незапирлива енергија, одлучност и масовност ја сруши долгогодишната автократска матрица. Студентите, младите и сите граѓани на нашата северна соседна земја докажаа дека тие се единствениот вистински суверен и дека ниедна власт не е посилна од желбата за слобода, праведност и правна држава“. Овој демократски …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска на прес-конференција покажа фотографија од вчерашниот ден на која, како што вели, осудено лице повторно се гледа во друштво на Христијан Мицкоски. „Осудениот С.З. познат како Симе не е во затвор. Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава. Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница. СДСМ објави цел албум фотографии …
Continue Reading
СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија
Секој изминат месец имаше нови поскапувања, велат од СДСМ. „Од почетокот на годината трошоците за живот се зголемени за 4.000 денари. Октомвриската синдикална минимална кошничка надминува 70.000 денари, а со кирија достигнува речиси 90.000 денари. Ниту три минимални плати не ги покриваат основните трошоци на едно семејство. Околу 180.000 работници примаат помалку од 31.200 денари месечно, а минималната плата останува …
Continue Reading