Земјотрес почувствуван во Скопје
Земјотрес беше почувствуван во Скопје. Според првичните информации објавени на ЕМСЦ, потресот бил во близина на границата со Косово, но засега не е објавен степенот според Рихтер. „Се тресеше кратко, но силно“, коментираат скопјани.
Continue Reading
Бесплатни ехо-прегледи на дојки за девојки и жени од Карпош
Во насока на подобрување на женското здравје, општина Карпош во соработка со ординацијата по гинекологија и акушерство ПЗУ „Св. Алексеј“ – Скопје, од идната среда, први април, организира бесплатни ехографски прегледи на дојки за жени до 45 годишна возраст, известуваат од Општината. „Станува збор за проект кој финансиски го поддржува локалната самоуправа, а истиот се реализира преку Програмата за еднакви …
Continue Reading
(Фото) Непроодна една лента на Христијан Тодоровски-Карпош во Бутел, се расипа уште еден двокатен автобус
Крајната десна лента на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во Бутел утрово е непроодна оти се расипа уште еден двокатен автобус на ЈСП. Возачите во најголемиот утрински метеж беа принудени да го заобиколуваат расипаниот автобус кој стои во близина на автобуската постојка спроти поранешна Албанска амбасада. Двокатните автобуси за Скопје беа набавени во 2010 година, кога Министерството за транспорт и врски потпиша …
Continue Reading
Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад
Службите на општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало. Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“, известува Општината. Акцијата е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на Центар. „Нема да …
Continue Reading
Делови од Центар и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Хусеин Бајрам, општина Центар; – во периодот од 10.00 до 12.30 часот, корисниците од улицата Бутелски Венец, општина Шуто Оризари.
Continue Reading
Општина Карпош: Доделени признанија за најуспешните крводарители
По повод 17-ти Март, Денот на крводарителството во нашата земја, денеска во салата за состаноци на Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски им ги додели признанија на крводарители. Во присуство на Маре Кочоска, секретар на општинската организација на Црвен Крст – Карпош, првиот човек на Општина Карпош им ги врачи признанијата на Љубиша Трајковски, Игор Андреевски, Игор Стефановски , Марјан Костовски …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност
Денес, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „БРТ претставува современ систем на јавен превоз кој функционира по принцип на метро на тркала со посебни, одвоени …
Continue Reading
(Фото) ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани диви депонии на „Пластичарска“ и во Чаршија
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија. „Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, претставува „црна точка“ каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на своите последни активности …
Continue Reading
Делови од Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улицата 12, како и корисниците од улицата 8 во Долно Соње, општина Сопиште; · од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улицата Алжирска, општина Карпош.
Continue Reading