Изградбата на новиот спортско-рекреативен центар во населеното место Кучевишка Бара напредува со одлична динамика, соопшти Општина Бутел.
Новиот спортски комплекс се протега на површина од 2000 метри квадратни и содржи фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец и нови клупи, парк и нови зелени површини.
„Општина Бутел се менува. Маалскиот дух се чува и негува. Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани“, велат од Општината.