Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината. Инспекциските служби, по претходно изготвен регистар од месните и урбаните заедници, денеска започнаа со лепење на известувања за задолжително отстранување на овие возила. Согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, сопствениците …

Continue Reading

Костовски потпиша договор за изградба на нова поликлиника

Денес градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника. Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел, соопштија од општината. „Градоначалникот изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој граѓаните го очекуваат со децении. Новата поликлиника ќе биде изградена на местото …

Continue Reading

Делови од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска: · поради уличен дефект Ф-200мм на улицата Славејко Арсов 48 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Славејко Арсов и висока зона Пржино. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. · поради уличен дефект Ф-80мм на улицата Ристо Шишков 39 во …

Continue Reading

(Видео) Трамп ѝ покажа на јапонската премиерка „портрет“ од Бајден

Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД морале да го изненадат Иран со напад, исто како што направи Јапонија во Перл Харбор, додека вчера седеше до јапонската премиерка Санае Такаичи во Белата куќа. Кога новинарите го прашаа зошто сојузниците на Америка, вклучително и Јапонија, не биле однапред информирани за нападот, Трамп одговори дека не сакаат да откриваат премногу информации. Sieh dir …

Continue Reading

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

  22.03.2026 (недела) во периодот во 07:30 до 11:30 часот ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до крстосница со ул.„Владимир Комаров“, на дел од ул.„Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со бул.„Јане Сандански“ …

Continue Reading

(Фото) Митески заедно со учениците од „Браќа Миладиновци“ садеше дрвја

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески денеска во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Острово, заедно со децата садеше нови дрвја. „Денеска во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Острово, заедно со децата засадивме нови дрвја и покажавме дека љубовта кон природата се учи од најмали нозе. Нека ваквите акции ни бидат потсетник дека само заедно можеме да создадеме почиста и поздрава животна средина!“, …

Continue Reading

(Фото) Ѓорѓиевски: Отворен е шелтер-центарот – сигурност, заштита и нов почеток за жртвите на семејно насилство

„Денес направивме чекор кој значи многу повеќе од формален чин, потпишавме договор и официјално предадовме стан во сопственост на Град Скопје на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, претставувана од извршниот директор Елена Димушевска. Со ова, една идеја за поддршка и заштита добива свој дом, своја врата која ќе биде секогаш отворена за оние …

Continue Reading

Општина Илинден: Пролетна акција за озелување

Општина Илинден континуирано вложува напори за унапредување на животната средина, следејќи ги како националните, така и глобалните трендови и препораки во областа на екологијата. Во пресрет на доаѓањето на пролетта, се организираше акција за озеленување, со вкупно 50 декоративни садници, која има за цел дополнително да придонесе кон создавање почиста, поуредена и позелена околина за сите граѓани, информираат од општината. …

Continue Reading

Бесплатни терапии за ментално здравје во Драчево: Нова услуга на општина Кисела Вода

Бесплатни обуки за ментално здравје и психолошка отпорност ќе се реализираат во просториите на Домот на култура во село Драчево, преку соработката на општина Кисела Вода со здружението за едукативен, психолошко-педагошки и социјален развој „Холизам“. Овие активности се наменети за поддршка на жените кои се наоѓаат во социјален ризик и не можат да си дозволат ваков вид професионална помош, за …

Continue Reading