Без вода денеска дел од улицата Македонска Косовска Бригада, касарната Илинден, трговскит центар Поинт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250мм. на улица Мкедонска Косовска Бригада 23А позади зградите на Аквадукт, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел корисниците на улицата Македонска Косовска Бригада од бензинската пумпа Мак Петрол до подвозникот Шуто Оризари, улицата 11, касарната Илинден, трговскит центар Поинт.
Continue Reading
(Фото) Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка, безбедноста на граѓаните е наша обврска
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со Црвениот крст на Град Скопје го претстави тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и проектот за функционирање на Планинската спасителна служба на Водно и обезбедување спасителни интервенции на подрачјето на Кањон Матка. „Присуствувавме и на симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови, каде обучените спасители и парамедици ја …
Continue Reading
(Фото) Ѓорѓиевски: БРТ проектот влегува во фаза на реализација
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека се направени финалните координации со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за продолжување на реализацијата и оптимизацијата на проектот за Брз автобуски превоз (БРТ). Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека одржал работна средба со тимот на ЕБОР во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која биле разгледани …
Continue Reading
(Видео) Штерјова: Во Чаир законите не важат, со амин на ВМРО, ВЛЕН без Бадентер менува имиња на улици
Советничката од редовите на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, денеска ја обвини владејачката коалиција дека во Општина Чаир била донесена одлука за промена на имиња на улици без примена на Бадентеровото мнозинство. Штерјова оцени дека со одлуката, како што рече, се прекршуваат законските процедури и механизмите предвидени со Охридскиот рамковен договор. „Важат ли законите во општина Чаир? …
Continue Reading
(Видео) Почна изградбата на мега-парк во Карпош на површина од 72.000 квадратни метри
Градот Скопје започнува со реализација на проектот за изградба на нов мега-парк во општина Карпош, на површина од 72.000 квадратни метри, со што долгогодишно запуштениот простор, кој со години беше претворен во дива депонија, ќе биде целосно уреден и ставен во функција на граѓаните, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Проектот предвидува целосно хортикултурно уредување на просторот, изградба на …
Continue Reading
(Фото) Асфалтирана улица „6“ во локалната економска зона „Стопански комплекс – Илинден“
Општина Илинден ја асфалтираше улица „6“ во локалната економска зона „Стопански комплекс – Илинден“, проект кој е дел од континуираните активности за подобрување на патната инфраструктура и создавањето подобри услови за развој на локалните економски зони на територија на општината. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во асфалтирањето, и потенцираше дека станува збор за улица во должина од …
Continue Reading
Преку едукативна боенка најмладите ќе учат за знаменитостите на Општина Кисела Вода
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во детската градинка „8 Март“ во населбата Расадник присуствуваше на промоцијата на новата едукативна детска боенка посветена на најубавите и најзначајните катчиња во општината. Станува збор за, како што појаснуваат од општината, креативен проект преку кој најмладите жители ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости во Кисела Вода. На …
Continue Reading
Општина Карпош ја реконструира улицата „Атинска“ во у.з. „Владо Тасевски“
Општина Карпош започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа и тротоарските површини на улицата „Атинска„ во у.з. „Владо Тасевски“. Во рамки на градежните активности ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната конструкција која опфаќа асфалтирање на коловозната лента, замена на рабниците и замена на долниот строј. Во меѓувреме ќе се реконструираат и тротоарските површини кои ќе …
Continue Reading
Видеонадзор за поголема безбедност во општина Aеродром
Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. На вчерашната седница на Советот беше усвоен предлогот за отпочнување на постапката. Општината упатува благодарност до советниците „кои ја препознаа важноста на оваа мерка и дадоа поддршка за нејзината реализација“. „Секое искршено игралиште претставува загуба за сите граѓани, а најмногу за најмладите. …
Continue Reading