Герасимовски: Ветувањето за бесплатен училишен оброк останува, мерката ќе се реализира фазно

На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар, изгласан е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава. До 2028 година мерката ќе се спроведува со преодно решение, преку делумно субвенционирање од 1.000 денари за родителите. Потоа …

Continue Reading

(Видео) Ѓорѓиевски: По 30 години голгота, конечно решение за булеварот „Борис Трајковски“

Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми, информираат од Град Скопје. Работите, како што е соопштено, се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и …

Continue Reading

Во Карпош поставен пункт за бесплатно одлагање на кабаст отпат

Општина Карпош ги известува своите жители дека можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 на бул. Илинден (позади бензинската станица „Макпетрол“, во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“). „Граѓаните можат самите да го одложат кабастиот отпад (од 07 до 19 часот, секој ден …

Continue Reading

Герасимовски: „Даме Груев“ добива ново лице со партерно и хортикултурно уредување и нова урбана опрема

Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното …

Continue Reading

Општина Кисела Вода: Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за игра

Детското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ од денес е повторно целосно уредено и безбедно за игра на најмладите. По неодамнешниот вандалски чин, во кој реквизитите беа намерно уништени со полевање со моторно масло, екипите на Општина Кисела Вода веднаш излегоа на терен и го санираа оштетувањето, информираат од општината. -Детското игралиште на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ е повторно безбедно и подготвено …

Continue Reading

Опожарено возило во Карпош, огнот зафатил уште две други возила и деловен објект

На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата …

Continue Reading

Продолжува бесплатното одлагање кабаст отпад во Центарот за селекција во Карпош

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека Претпријатието продолжува да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот. „Доколку граѓаните имаат потреба ЈП …

Continue Reading

Општина Чаир: Од 23 до 26 јули ќе се одржи првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“

Општина Чаир денес ја претстави програмата на првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, кој ќе се одржи од 23 до 26 јули во автентичниот амбиент на Старата скопска чаршија. Фестивалот претставува нова културна иницијатива на Општина Чаир, создадена со цел воспоставување нова уметничка традиција што ќе ја афирмира класичната музика, ќе ја зајакне меѓународната културна соработка и ќе го …

Continue Reading

Започна исплатата на субвенциите за велосипеди, повикот за дополнителна опрема е сè уште активен, вели Герасимовски

Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100. Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот …

Continue Reading