Летоска на Водно ќе има континуирано присуство на спасители-волонтери, најави Ѓорѓиевски
Во текот на летниот период на Водно ќе има континуирано присуство на спасители-волонтери од Црвениот крст, подготвени да интервенираат во евентуални непредвидени ситуации, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој денеска објави дека екипи на градските претпријатија го расчистуваат Водно. „Водно е местото каде што граѓаните го наоѓаат својот мир, свеж воздух и природна убавина што го збогатува секојдневието. …
Continue Reading
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Есенинова бр.8, Борис Трајковски бр.1, дел од влез 1, и улицата Жил Верн бр.12, општина Кисела Вода.
Continue Reading
(Фото) Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и помодерен јавен простор за сите граѓани. Активностите стартуваа на булеварот ‘Партизански одреди’, на потегот од мостот ‘Обединети нации’ до пешачкиот мост ‘Влае’, во површина од 1.200 метри квадратни. …
Continue Reading
Герасимовски: Поттикнуваме креативност и љубов кон музиката кај најмладите ,пријавете се за фестивалот „Детелинка“
Општина Центар објави Јавен повик за реализација на предучилишен музички настан „Детски фестивал Детелинка“. „Ова е прв ваков фестивал кој има за цел да поттикне љубов кон музиката кај најмладите во градинките, да открие нови афинитети и таленти и да ја афирмира креативноста на воспитниот и стручниот кадар преку јавна промоција на автентични детски песни создадени од вработените во установите“, …
Continue Reading
СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче
„Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски наместо да најавува нова зона во Ново Лисиче најавена уште пред 4 години од Тимчо Муцунски и Данела Арсовска, нека го одложи стартот на зоната во Реонски Центар со цел да ги воведе и двете зони истовремено. Тоа е барањето на граѓаните“, велат од СДСМ Аеродром. „Го потсетуваме Орце Ѓорѓиевски дека неговиот колега Дејан Митески уште во …
Continue Reading
Кисела Вода и Илинден ќе добијат нови полициски станици
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со градоначалниците на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и Општина Илинден, Александар Георгиевски, за изградба на нови полициски станици во овие две општини со цел унапредување на безбедноста и подобрување на услугите кон граѓаните. Со Меморандумот се уредува начинот на меѓусебна соработка помеѓу институциите, со акцент на поефикасно …
Continue Reading
Продолжува да важи бесплатното паркирање за жителите на Општина Аеродром, се воведува и нова зона во Ново Лисиче
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека, по дадена насока до директорот на ЈП „Градски паркинг“, во Реонскиот центар на општина Аеродром каде се воведува зоната Д12, продолжува да важи постојното правило според кое сите резиденти, физички и правни лица ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без надоместок. Од Град Скопје информираат дека одлуката …
Continue Reading
Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје
Утре и задутре (вторник и среда) во официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје. МВР спелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Continue Reading
СДСМ Аеродром бара итно одложување на зонското паркирање во Реонски Центар поради реакции од жителите
Советничката група на СДСМ во Општина Аеродром побара итно одржување седница на Советот со цел привремено одложување на примената на зонското паркирање во зоната Д12 во Реонски Центар. Од СДСМ предлагаат Советот да усвои заклучок со кој ќе се задолжи градоначалникот Дејан Митески, во координација со Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, да преземе активности за одложување на воведувањето на …
Continue Reading