Стефковски: Нула комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години
Една од мерките од нашата изборна програма која веќе е реализирана е ослободувањето од плаќање комуналии за изградба на куќа за млади до 35 години, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Иако првично мерката беше наменета за лица до 29 години, по детална анализа и препознавање на реалните потреби на младите, ја зголемивме старосната граница до 35 години, …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е исправна
Депонијата не е на територија на Град Скопје, а водата во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на обвинувањата дека нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче и дека под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје. „Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија …
Continue Reading
За секое прваче во Кисела Вода бесплатен ранец и училишен прибор
Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија. Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и останат прибор неопходен за почетокот на наставата. …
Continue Reading
Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo
Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки. „Ниту една одлука не е само моја, ниту …
Continue Reading
(Видео) „Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче, под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје“, предупредуваат од СДСМ
„Во Гостивар, повеќе од месец дена граѓаните немаат безбедна вода за пиење. Над 50 населени места се со загадена вода. А овде, на север, во околината на изворот за вода Рашче, тлее нова еколошка катастрофа. Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во заштитеното еколошко подрачје на Рашче, и тоа пред очите на власта на Мицкоски“, вели …
Continue Reading
Делови од општините Центар и Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во периодот: · Од 09,00 до 11,00 часот дел од улицата Максим Горки и дел од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, општина Центар; Од 09,00 до 12,00 часот село Горна Краста и село Јаболци, општина Сопиште.
Continue Reading
Драма во Ѓорче Петров: Глутница кучиња нападна осумгодишно девојче, жители бараат итна реакција
Осумгодишно девојче вечерва било нападнато од глутница бездомни кучиња во Ѓорче Петров, во близина на раскрсницата меѓу улиците „Мис Стон“ и „Христо Батанџиев“ (поранешна „Социјалистичка зора“). Само благодарение на брзата реакција на две возрасни лица, кои успеале навреме да стигнат до девојчето и да ги растераат кучињата, бил спречен можен трагичен исход. Детето, за среќа, било спасено од директен напад, …
Continue Reading
Детали за несреќата во Радишани: Возачот кој избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина
Обвинителството објави детали за страшната сообраќајка во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист од село Побожје, скопско. Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Осомничениот, на 7 август околу пладне, со „сеат алтеа” возел по улицата „Радишанска”. …
Continue Reading
(Видео) „Ер трактори“ го гаснат пожарот кај Сопиште
Три „Ер трактори“ се вклучија во гаснење на пожарот на територијата на општина Сопиште, зад Водно. Дирекцијата за заштита и спасување објави видеа од акцијата. „Дејство на противпожарните авиони на ДЗС,’Еер трактор’ врз пожарот во Општина Сопиште, под јужната страна на планината Водно кај Скопје“, стои во описот на видеата. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека денеска низ земјата …
Continue Reading