Без вода корисниците во комплексот „Александрија“ во населба Влае

Без вода денеска од 9:30 часот ќе бидат корисниците во комплексот „Александрија“ во населба Влае поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул. „Ацо Шопов“ бб. Како што информираа од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Continue Reading

Без вода дел од населба Визбегово

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на улица „3“ бр.7 во населба Визбегово, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „3;31“ и „Индира Ганди“. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на дефектот.

Continue Reading

Демант на паушалните изјави во врска со мостот „Беласица“

Апелираме до јавноста, медиумите и оние кои сакаат да се нарекуваат експерти да не предизвикуваат паника во јавноста со паушални изјави кои не се базирани на никакви информации, вештачења ниту пак истражувања.    Во овој момент се работи вештачењето на состојбата со мостот „Беласица“ со цел утврдување дали воопшто има структурно оштетување.  Во моментот мостот е затворен како превентива, се …

Continue Reading

Одговор од Агенцијата за катастар на недвижности на забелешките на градоначалничката Данела Арсовска за проблемите со наплатата на данокот

Градоначалничката на град Скопје, во серија јавни настапи, бара оправдување за состојбата во која го доведе градот, спомнувајќи ја Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) за еден од клучните фактори за ненаплатените даноци. Според неа, за над 75% ненаплатен данок, од вкупниот број на граѓани кои поседуваат имот на територијата на Град Скопје е виновна АКН. Агенцијата за катастар на …

Continue Reading

Семинар и работилница на тема „Длабинско разбирање на невронската активност“

Во организација на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, денеска во Скопје се одржа семинар и работилница на тема „Длабинско разбирање на невронската активност“ (Deep Learning Neural Networks). Семинарот го водеше д-р Константинос Димопулос, вонреден професор и академски директор за постдипломски програми во одделот за Компјутерски науки на Сити колеџ а пред учесниците се отворија теми на многу прашања …

Continue Reading

Се враќа во тренд ноќниот живот во Скопје, по Владо Георгиев овој петок Тони Цетински!

Минатиот петок Владо Георгиев ги покори скопјани со неговиот извонредно енергичен настап во ноќниот клуб PURE, а овој петок редот му припаѓа на хрватската мега ѕвезда Тони Цетински. На сцената, Владо Георгиев им приреди вистинско музичко задоволство. Откако се појави на сцената, владееше со атмосферата и направи неверојатна врска со публиката. Публиката постојано беше во екстаза, пееше со него и …

Continue Reading

Заврши училишната Лига Центар 2023, награди и стипендии за најдобрите тимови и ученици

Во спортската сала на ООУ „11 Октомври“ во Општина Центар, се одржа свечено затворање на Лига Центар 2023 и со финален натпревар во ракомет се одбележа крајот на училишните спортски натпревари што се реализираат од минатата година. На настанот присуствуваа деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Ленче Алексовска Величковска, директорот на Агенцијата за млади и спорт и …

Continue Reading

Без вода дел од улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во Центар

Поради промена на затварач ф 80 мм на ул.„Народен Фронт“ бр.13, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Народен Фронт“ и дел од ул.„Васил Ѓоргов“. Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9:00 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading

Без вода дел од Љубанци

Поради технички зафат во резервоарот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Љубанци, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading