Времен режим на сообраќај на улицата „Даме Груев“ во Центар

– Поради асфалтирање на коловозот со втор слој асфалтна маса на ул. „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 до 15 часот, ќе биде воведен времен режим на сообраќај. Како што информираат од ЈП Улици и патишта Скопје, времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради …

Continue Reading

Одбележување на 20 Мај – Денот на пожарникарите

Под мотото „Хероите на градот“, денеска во кругот на Територијалната противпожарната бригада на Градот Скопје, во населбата Автокоманда, ќе биде одбележан Денот на пожарникарите – 20 Мај. На настанот ќе се обратат градоначалничката Данела Арсовска и командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томевски.

Continue Reading

„Фијук“ саем во библиотеката „Браќа Миладиновци“

– Во дворот на библиотеката „Браќа Миладиновци“, денеска од 14 до 21 часот, во организација на Партизанска штампа, Арт Еквилибриум и Гола Планина Колектив ќе се одржува издавачкиот саем „Фијук“. Отворањето на саемот ќе биде со три мини соло изложби на авторите Алис Лаурешес, Марта Патлињанковска и Владимир Муратовски, а ќе биде затворено со Oтворена музичка сесија на „Гола Планина …

Continue Reading

Заедничка координирана акција на МВР, Царинската управа, УЈП и ДПИ на подрачјето на Скопје, одземени производи, санкционирани неправилности

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во заедничка координирана акција со царински службеници од Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје спроведоа мерки и активности против криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун …

Continue Reading

Во завршна фаза реконструкцијата на детско игралиште во Миладиновци во општина Илинден

Во тек е целосна реконструкција на детското игралиште во населеното место Миладиновци, која е во завршна фаза. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, поставена е гумирана подлога, клупа, канти за отпадоци за почиста и поубава средина. Во наредните денови, соопштија од Општина Илинден, ќе се санира и оштетената заштитна ограда на детското игралиште. Градоначалникот на …

Continue Reading

ОПШТИНА АЕРОДРОМ КАКО ПАРТНЕР СЕ ВКЛУЧУВА ВО КАМПАЊАТА НА АУЕ – ФОН „20 ГОДИНИ, 200 КОМПАНИИ, 2000 СТИПЕНДИИ“

Американскиот универзитет на Европа – ФОН и Општина Аеродром денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што една од најголемата единица на локална самоуправа на територија на Град Скопје се вклучува како партнер во кампањата на Универзитетот „20 години,  200 компании, 2000 стипендии“. Со Меморандумот, кој го потпишаа генералниот директор и основач на АУЕ – ФОН, м-р Сефер Цаноски и градоначалникот …

Continue Reading

Пријава против НН лица поради обид за саботажа и уништување на јавен имот

Градот Скопје заедно со општина Карпош, денес поднесе пријава против НН сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на т.н. „Железнички Мост“ во општина Карпош на булеварот Васил Чакаларов во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.   Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, …

Continue Reading

Герасимовски: Доделени 130 решенија од по 7 000 денари за семејствата со новороденче во Центар

Вкупно 130 решенија на барателите за остварување на правото за користење на парична помош за новороденче додели денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Оваа парична помош во висина од 7.000 денари, како што информираат од Општина Центар, се доделува редовно, во рамки на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар …

Continue Reading

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува засилени активности во скопските општини

Во текот на мај, од страна на Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје, изготвени се вкупно 20 едукативно-информативни записници за лица кои се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад на улиците „Дрезденска“ во општината Карпош и „Антон Попов“ во општината Кисела Вода, како и на улиците „Август Цезарец“, „Методија Митевски“, „Џон Кенеди“, „Васил Главинов“ и „Благоја Паровиќ“ во општината …

Continue Reading