Општина Аеродром: Првото одобрение со 0 денари комуналии е веќе реалност

Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој доби Одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии, извести општина Аеродром. „Овој момент не е само административен чекор – туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом. Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна порака дека …

Continue Reading

В недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај

На 5 април, недела со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од булеварот „Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж булеварот „Илинден“ до крстосница со булеварот „8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по булеварот „Илинден“ до целта фонтана Лотус. Од тие причини …

Continue Reading

Герасимовски: Центар воведува нови услуги за инклузија, ментално здравје и поддршка на младите во ризик

Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија – даватели на социјални услуги, со цел да се обезбедат нови сервиси и поддршка за ранливите категории граѓани. Со повикот се поддржуваат програми што придонесуваат за инклузија, заштита на менталното здравје и превенција кај младата популација. Средствата, додаваат од општината, се наменети за следните сервиси и услуги: -Индивидуализирани услуги со …

Continue Reading

Делови од Кисела Вода, Сопиште и Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08:00 до 10:00 часот, улицата Борис Трајковски Бр1 (Пегла) Влез1 и мал дел од становите во влезот, општина Кисела Вода; · во периодот од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од улицата 1, улицата 10, улицата 11 и улицата 12, …

Continue Reading

Ѓорѓиевски со сопругата донираше реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и неговата сопруга донираа реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода, соопштија од Град Скопје. Оваа донација, според соопштеното, ќе ја олесни комуникацијата, концентрацијата и емоционалната регулација на децата, создавајќи прифатлива и смирувачка средина за нивниот развој. „Вложувањата во сензорни простории придонесуваат за развојот на когнитивните и социјалните вештини …

Continue Reading

Општина Гази Баба додели 12 милиони денари на спортски клубови, спортисти и здруженија

Општина Гази Баба додели 12 милиони денари директна финансиска поддршка за спортските клубови, спортисти и здруженија, објави градоначалникот Бобан Стефковски. „Денес не потпишавме само договори – денес вложивме во соништа, во идни шампиони и во иднината на Македонија. Општина Гази Баба со гордост доделува 12 милиони денари директна финансиска поддршка за спортските клубови, спортисти и здруженија. Зад секој млад талент …

Continue Reading

Герасимовски: Бесплатни здравствени консултации во Центар на 6 април, го одбележуваме Светскиот ден на здравјето

Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично“, во период од 09:00 до 15:00 часот. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советувања со лекари. „Ги поканувам граѓаните да …

Continue Reading

Општина Илинден започна со реконструкција на локалниот пат Мршевци-Дељадровци

Општина Илинден започна со реализација на еден од клучните инфраструктурни приоритети, целосна реконструкција на локалниот пат што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци. Станува збор за значаен и стратешки проект кој директно ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните. Увид на почетокот на градежните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој …

Continue Reading

Без струја делови од Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Центар

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 07:30 до 15:30 часот, дел од улицата Жан Жорес, РИО Кафе во Илинден, Дени Интернационал, Кромберт и Шуберт во Илинден, Делта Комерц, дел од Хиподром, општина Гази Баба; · во периодот од 08:15 до 14:00 часот, дел од булеварот …

Continue Reading