(Видео) Ристовска Додевски: Левица во Центар во служба на СДС, гласаа против намалување на цените на ПОЦ


ristovska-dodevski-31.08.2026.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легалниот рекет на ПОЦ врз центарци е овозможен од коалицијата СДС и Левица кои наутро очигледно прва мисла им е, како денес да му слугуваме на Герасимовски и Зоран Заев.


Наместо од денес, да ставиме крај на рекетарството на ПОЦ, овие луѓе ја одбија иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени на паркинг услугите на жителите на Општина Центар, истакна Диана Ристовска Додевски, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На сила, додаде таа, остануваат да важат дуплите и тродупли цени и методи за изнуда на пари од центарци. На сила, како што рече, остануваат да важат политиките кои нѐ прават кираџии во сопствените домови, каде треба да плаќаме кирија за сокаците и тротоарите пред нашите згради.

„Тоа значи воведување на зонско паркирање. Зонското паркирање значи дека ние центарци можеме бесплатно да се паркираме само во нашата зона, но не и во друга зона. Тоа ако имате дете кое треба да го носите на некоја спортска активност во олимписки базен, вие ако живеете на Водно, ќе го паркирате возилото, ќе мора да плаќате или доколку го носите детето на фудбал во парк повторно мора да плаќате.

Зошто центарци да плаќаат кога веќе плаќаат за својата општина? Зошто дополнителни пари ПОЦ да извлекува на граѓаните?

Ова не е грижа за граѓаните, како што тие велат. Ова е само начин да се посегне подлабоко во џебовите на центарци, од луѓе кои одамна ја изгубија поддршката од народот“.

Според неа, Герасимовски и коалицијата на СДС очигледно немаат намера да ги решаваат проблемите во Општина Центар.

Нивна единствена намера е, како што оценува, до следните локални избори, да соберат што повеќе пари и да ја соголат општината до коска, само за да ги делат тие пари по тендери и фирми блиски до Венко Филипче и фамилијата Заеви.

„Ова не се мерки за Центарци, ова се очајни мерки за спас на СДС од пропаст“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK