Без вода Бутел и Карпош

Согласно добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, ги известува граѓаните дека денеска поради планирани зафати во водоводната мрежа без вода делови од општините Бутел и Карпош. · поради реконструкција на водоводна мрежа ф-110 мм на ул. 7/бб во Љубанци , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од …

Continue Reading

Без струја неколку скопски општини

Од „ЕВН Македонија“ АД известуват дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 8.30 до 12 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош), – во периодот од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Тогинци, Катлановско Блаце, Кожле и Бадар во Катланово (општина Петровец), – во периодот од 9 до 12 часот дел од корисниците …

Continue Reading

Арсовска во увид на градежните активности за реконструкцијата на водоводната мрежа во Љубанци

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со екипи од ЈП „Водовод и канализација“, извршија увид во градежните активности за реконструкцијата на водоводната мрежа во населеното место Љубанци во општина Бутел. Градежните активности на терен опфаќаат реконструкција на водоводна мрежа на улицата 1 во Љубанци, со нови приклучоци на градската водоводна мрежа, а со реализацијата на овој инфраструктурен проект, жителите …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Изградбата на затворената спортска сала во Пинтија е во напредна фаза

​Напредува изградбата на затворениот спортски објект во населбата Пинтија, во ПОУ ,,Рајко Жинзифов”. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во динамиката на работа, на чија завршница чекаат 252 ученици од ова училиште. Затворената спортска сала, која е прва од ваков вид во ова населено место, ќе има површина од околу 350м2. „Активно се одвива изградбата на затворената спортска сала во …

Continue Reading

(Видео) Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во општина Гази Баба

„За две и пол години од мандатот, единствен резултат на градоначалникот Бобан Стефковски се партиските вработувања и непотизмот во општината. Потрошени се 26 милиони денари односно, над 450.000 евра за времени вработувања. Минимум 12 милиони денари или близу 200.000 евра е планирано да се одлеат од џебот на граѓаните само за оваа 2024 година“, рече Александар Саша Димитријевиќ, координатор на …

Continue Reading

Реконструкција на улици во Текија во општина Илинден

Општина Илинден продолжува со реконструкција на неколку улици на нејзина територија, со цел подобрување на патна инфраструктура. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, деновиве започна реконструкција и санација на две улици во населено место Текија. Станува збор за реконструкција на улицата кај подрачното основно училиште, како и реконструкција …

Continue Reading

Герасимовски: Целосно го реконструиравме фудбалското игралиште за децата близу ССМ

Службите на Општина Центар ја поставија новата подлогата, оградата и головите на постоечкото фудбалско игралиште за децата кои живеат близу зградата на синдикатите ССМ. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека детските и спортски игралишта се најзначајни за правилниот раст и развој на децата затоа се работи на нивна комплетна реконструкција. „Во изминатиот период реконструиравме и направивме нови игралишта …

Continue Reading

Град Скопје го одбележа 1 Март – Денот на нулта дискриминација

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во средното училиште на Град Скопје „Јосип Броз Тито“ ја отвори панел дискусијата, организирана по повод одбележување на глобалниот Ден на нулта дискриминација. Со денешниот настан се одбележува Денот на нулта дискриминација, кој има за цел да промовира различност, толеранција и инклузија. Градот Скопје со скопските средни училишта континуирано работи, како што информираат …

Continue Reading

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици

Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање на електрична енергија, кој е поставен во основното училиште „Јан Амос Коменски“, во населбата Тафталиџе 1. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој во оваа пригода даде изјава за медиумите. – Локалната самоуправа продолжува да работи на подобрување на енергетската ефикасност и независност, поставувајќи две фотоволтаични …

Continue Reading