Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека грејната сезона завршува на 15 април 2026 година и почнува т.н преоден период кој трае до 30 април. Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија од утре па се до крајот на месецот, доколку …

Continue Reading

Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading

Меџити: Започнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од како што велат од неговиот кабинет, најзначајните инфраструктурни интервенции во ова историско подрачје во последните децении. Проектот опфаќа површина од 1.567 м² и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и …

Continue Reading

(Фото) Комплетно реконструирана улица „11“ во Кадино, општина Илинден

Општина Илинден продолжува со интензивни активности за унапредување на патната инфраструктура, при што деновиве успешно е завршена реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино. Станува збор за значајна делница со должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, која доби целосно нов коловоз, со што значително се подобрува квалитетот на сообраќај, извести Општината. Покрај …

Continue Reading

(Фото) Ѓорѓиевски на свечената Велигденска литургија во Соборниот храм: Без молитва, без пост и без искрено покајание, човекот тешко може да го пронајде вистинскиот мир

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека утрово на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, присуствувал на свечената Велигденска литургија во Соборниот храм во Скопје, каде што во молитва и духовна радост се собраа голем број верници. „Со вера во срцето, тие дојдоа да ја споделат најрадосната вест, да се причестат и да …

Continue Reading

(Фото) Меџити: Напредуваат работите на улицата „Ферид Мурад“ – проектот добива форма од ден на ден

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и бетонирани рабници на десната страна од улицата, со што се создава јасна поделба меѓу коловозот и просторот за пешаци, извести Општината. „Работите на улицата ‘Ферид Мурад’ се одвиваат со …

Continue Reading

Герасимовски: Никој не е сам за Велигден – пакети со храна за семејства во социјален ризик

Во пресрет на велигденските празници, општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија. Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници. Акцијата има …

Continue Reading

Стаменкоска Трајкоска: На овој тажен ден за целото христијанство му се заблагодаривме на Господ Исус Христос за жртвата што ја принел за сите нас

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска присуствуваше на светата Богослужба во храмот Св. Петка -Црниче, со која чиноначаствуваше Архепископот Охридски и Македонски и Митрополит Скопски г.г.Стефан. „На овој тажен ден за целото христијанство му се заблагодаривме на Господ Исус Христос за жртвата што ја принел за сите нас и му се помоливме за здравје, бериќет и мир. Во исечекување …

Continue Reading

Дел од Чаир денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · од 08:30 до 10:00 часот, дел од корисниците од улицата Ресенска, oпштина Чаир.

Continue Reading